Да ја претставам мојата лепотица, мојата прва љубов, некој од вас може ја видел по огласите на форумот(решив да си ја возам, но ако испадне некоја добра понуда ќе ја дадам), сега и е ред достојно да си ја претставам на форумов.
Купена е крај на октомври 2013та, произведена лето господово 2003та, со дво литарски комонреил турбо дизелаш со 150 коња. Купена е со 195к километри, вратена е само 50к, земена е од Бугарија, од опрема беше некое просечно ниво.
Моментално од опрема има:
-Спортска суспензија(амортизери и спирали), ми се чини и дека е спуштена, ама не сум сигурен;
-Вентилирачки дискови со брембо плочки;
-Два пара бандажи и гуми: зимски од е90 со Мichelin pilot alpin pa3 205/55/16 i Тoyo proxes c1s 225/45/17;
-Темпомат;
-6x airbags;
-Електрика на прозори и ретровизори;
-Сончев кров;
-Клима;
и друга стандардна опрема.
Модификации:
-Сменет Волан за трокрак со команди;
-Сменето радио;
-Ставена потпирка за рака;
-Ставен aux;
-Сменета палката на мењачот;
-Ставени сребрени рингови на километражата;
Во план е:
-Да се сменат внатрешните лајсни со алуминиумски;
-Бубрезите да се сменат или со мат црни или со црни со м лентите;
-Паркинг сензори;
-Жмигавците да се заменат со бели( во дилема сум уште за ова);
-Ксенон лупи;
-Осрам најтбрејкер ултимејт/плус;
-Подкрилото десно да го ставам ако најдам пошто е скршено;
-Лип спојлер,
и уште некои други ситници кои што моментално не ми текнуваат, нормално во зависност од времето и финансиите.
Еве некои слики од неа
Внатрешните слики се малце матни, ќе ја пресликам внатре деновиве