Автор Тема: BMW 320d 150HP E46 2003  (Прочитано 14723 пати)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
BMW 320d 150HP E46 2003
« на: 14 Февруари 2015, 18:35:31 pm »
Да ја претставам мојата лепотица, мојата прва љубов, некој од вас може ја видел по огласите на форумот(решив да си ја возам, но ако испадне некоја добра понуда ќе ја дадам), сега и е ред достојно да си ја претставам на форумов.  ;D

Купена е крај на октомври 2013та, произведена лето господово 2003та, со дво литарски комонреил турбо дизелаш со 150 коња. Купена е со 195к километри, вратена е само 50к, земена е од Бугарија, од опрема беше некое просечно ниво.
Моментално од опрема има:

-Спортска суспензија(амортизери и спирали), ми се чини и дека е спуштена, ама не сум сигурен;
-Вентилирачки дискови со брембо плочки;
-Два пара бандажи и гуми: зимски од е90 со Мichelin pilot alpin pa3 205/55/16 i Тoyo proxes c1s 225/45/17;
-Темпомат;
-6x airbags;
-Електрика на прозори и ретровизори;
-Сончев кров;
-Клима;
и друга стандардна опрема.

Модификации:

-Сменет Волан за трокрак со команди;
-Сменето радио;
-Ставена потпирка за рака;
-Ставен aux;
-Сменета палката на мењачот;
-Ставени сребрени рингови на километражата;

Во план е:
-Да се сменат внатрешните лајсни со алуминиумски;
-Бубрезите да се сменат или со мат црни или со црни со м лентите;
-Паркинг сензори;
-Жмигавците да се заменат со бели( во дилема сум уште за ова);
-Ксенон лупи;
-Осрам најтбрејкер ултимејт/плус;
-Подкрилото десно да го ставам ако најдам пошто е скршено;
-Лип спојлер,
 и уште некои други ситници кои што моментално не ми текнуваат, нормално во зависност од времето и финансиите.

Еве некои слики од неа  :)









Внатрешните слики се малце матни, ќе ја пресликам внатре деновиве





Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2015, 18:44:44 pm »
Убаво бембе со таман мотор, со здравје да се вози, и 100к да е вратена не се многу, ако се реални...
Ако не е тајна колку троши градска,просек некој... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2015, 18:44:56 pm »
Прекрасен Бенџамин, сигурен сум дека со летната постава на бандажи и гуми изгледа уште подобро!

Имам предлог како за само 60* секунди ќе ја направиш колата значително попријатно место за седење.

Ти текнува на оние што фрлаат ѓуле кладиво (фала Дени) на олимписки игри? Овие фраери:



Е, на приближно сличен, или ако можеш ист начин фрли ги гумените патосници, и стави внатре фини, меки, теписонски. Одма ќе се дигне нивото на колата за барем 2 пати. Верувај ми! Си видел некогаш Ролс Ројс (пошто тој е на BMW) со гумени патосници?

Прекрасно количе, фини, дискретни и интелигентни модификации. Само напред!

*60 секунди за сите четири патосници.
« Последно менување: 14 Февруари 2015, 18:59:24 pm zeroSignal »

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #3 на: 14 Февруари 2015, 18:48:34 pm »
Фала многу :)
Викаат сите дека се реални, имам братучед во бугарија кој што се занимава со овие коли и има сервис за нив, проверена е на 4 компјутера и на клуч и секаде покажува исто.
Секако дека не е тајна, варира измеѓу 6ипол и 7ипол во зависност како се вози :D

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #4 на: 14 Февруари 2015, 18:50:50 pm »
Фала класен, теписонските ги имам во гаража ми се фабричките оригинални, меѓутоа за нигде се и овие се земени од самад за замена, ако налетам на некои убави фабрички теписонски за пристојна цена одма ги зимам

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2015, 18:52:41 pm »
Ај за месец дена да ставиш слики со другите бандажи. :)

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #6 на: 14 Февруари 2015, 18:53:33 pm »
Одлично :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #7 на: 14 Февруари 2015, 18:59:42 pm »
Фала класен, теписонските ги имам во гаража ми се фабричките оригинални, меѓутоа за нигде се и овие се земени од самад за замена, ако налетам на некои убави фабрички теписонски за пристојна цена одма ги зимам

Нека ти напраат во Самад, ко оргинал ќе бидат, може и бољи.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #8 на: 14 Февруари 2015, 19:05:39 pm »
Еве некоја слика со летните патичиња :D


Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #9 на: 14 Февруари 2015, 19:38:58 pm »
Фала многу :)
Викаат сите дека се реални, имам братучед во бугарија кој што се занимава со овие коли и има сервис за нив, проверена е на 4 компјутера и на клуч и секаде покажува исто.
Секако дека не е тајна, варира измеѓу 6ипол и 7ипол во зависност како се вози :D

Топ потрошувачка, не е многу...

П.С. Многу убаво изгледа со летна постава... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #10 на: 14 Февруари 2015, 19:54:23 pm »
П.С. Многу убаво изгледа со летна постава... :)

Убаво изгледа ама многу ми се некако бизнис овие бандаши, сакам ако начекам ги трампам за вакви 17ки :)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #11 на: 14 Февруари 2015, 20:00:40 pm »
Одлично. Со здравје да си го возиш. Со летната постава многу убаво изгледа :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #12 на: 14 Февруари 2015, 20:05:49 pm »
Фала, поубаво да си купиш :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #13 на: 14 Февруари 2015, 20:41:07 pm »
Fino autce i mnogu bezgrizni kilometri...
Inace na prvata slika toa gumenite saksii se na nume prvite gumi od borata..

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW 320d 150HP E46 2003
« Одговори #14 на: 14 Февруари 2015, 20:45:12 pm »
фала, и гаражата му се гледа на другите слики :D