Купен материјал, мојот омилен фејк алкантара, натерана мајка да ми сошие торбички за глупостите што се меткаат низ гепек.
Презадоволен од резултатите, конечно кога ќе отворам гепек раат ми е главата 
Искористено парче материјал 140х50 за сите три торбички, цена 120 денари. 
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Кога имаш многу слободно време, ти доаѓаат глупи идеи кои некогаш излегуваат дури и подобро од замисленото:
Остатокот од материјалот погоре (многу мал дел) го искористив за да направам „рејсинг“ кугла за менувач.
Почнав со ова:
Пластично/гумена кугла за менувач


Многу сум горд што штепот по средината го направив јас, и уште малку вежбање ми треба за да не ја замарам мајка ми да ми шие. Она ги направи украсните со црвен конец од страна.
После многу неостик, кроење, затегање и два саати, завршив со ова:



Јас сум задоволен од резултатот, куглата е со поширок обем сега и е поергономска и попријатна за држење.