Каков мит, какви бакрачи! Ксенон изворот на светлина е мало топче, стандардната халогена сијалица е влакно.
рефлекторот на фарот го насочува изворот од влакнестиот извор под точно одреден агол директно во патот. Сијаличките имаат точно одреден правец на влакното, за да може прецизно да се натокми зракот да не смета на возилата од спротивна страна.
Рефлекторот е уствари составен од повеќе огледала за одбивање на зракот. Кога ќе ставиш ти светлечка топка наместо прачка, зраците се одбиваат под сосема други агли и сметаат на возачите од спротивна страна.
Кога имаш фар со лупа, тогаш е поедноставно. Лупата е таа која го насочува зракот, а на насочувањето може многу малку да влијае поставувањето на светлосниот извор во однос на рефлекторот. Исто така, овие со лупа имаат и бариера која спречува од лупата да излезе светло насочено нагоре кон лицата на другите возачи.
Не постои начин квалитетно да се постави ксенон во фар без лупа, освен ако рефлекторот не е дизајниран за ксенон (фабрички ксенон без лупа).
конверзиите на ксенон во фарови со лупа иако имаат недостатоци (како аутонивелација и перење на фаровите кое е обврзувачко), имаат помалку проблеми со заслепување на возачите од спротива.
Јас не почитувам ниту еден начин на конверзија на стандарден халоген фар во ксенон фар. Боље дојди посери ми се на шофершајбна, барем ќе пуштам брисачи и ќе се спасам. Од твојот зрак што ми блешти директно во очи и поради кој ризикувам де не приметам пешак на пат, не можам да се спасам.
Едит: Да дополнам. Еве како изгледаат еден до друг, стандарден халоген фар без лупа и ксенон конверзија без лупа. Она што е означено со црвено едноставно, не смее да постои. Тоа оди директно во очите на возчаите од спротивната страна.