(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Со мало задоцнување стигна Roidmi 3s. Ретко добро гаџетче за у кола.
За колку време ти стигна?? да знам уште колку да чекам.. 
Подетално околу импресиите??
Па за нешто повеќе од 2 недели. У принцип секогаш нарачувам со иста пошта и точно знам според инфото од тракингот кога стига, овој пат закасни, рекоа имало некаков застој.
Од она што го тестирав малку, супер уред. Брзо се поврзува, фрекфенција си местиш која сакаш преку апликацијата, гледав да наместам некоја бош за да не се доближува до некое локално радио. Има неколку бои на светење што ги местиш исто преку апликацијата ,,Roidmi''. Звукот не е кристално чист, чист е да не речам солиден но во позадина иииимммма нешто што го прави да не е кристален, сепак е трансмитер... Преку youtube е доста почисто за разлика од ако пушташ преку телефон песни пример што ти се у него, тоа го приметив. За подетално не знам, малку го тестирав, ме занима како ќе е некаде на отворен пат. Задоволен сум, за близу 800 денари колку што чини уредчето е феноменално и доста корисно.