Во Carbox ми понудија некои Menabo, челични за 5000 денари, алуминиумски за 6200. Ми понудија од универзалните, односно што одговараат на повеќе модели.
Цената е добра (во Porsche ми понудија некакви носачи за скоро 18.000), ама визуелно не ми се допаѓаат. Во секој случај и јас би ги ставал/вадел по потреба, така да ајде, можеби и би прошле за таа цена.
Како и да е, ќе разгледам што уште има. Плус, би преферирал да се скроз црни.
Плус, вреди да напоменам дека носачите би се користеле 99% за пренесување точак вамте-тамте. Не би сакал од оние на гепек што се фиксираат пошто точакот секогаш ќе биде поширок од колата, и тоа ми е некако.. неубаво.