Добар ден

ми треба помош околу промена на масло во менувач кај Renault Clio mk2 1999
Зглобот од возачката страна партали, мажетната скината и мислев дека со тоа ќе го решам проблемот но испадна цел зглоб да менувам.
Кога го извадив го расклопив и видов дека се скршила една куглица (едното парче беше внатре заглавено а пола го немаше) а не се
менува само надворешниот зглоб туку оди цело со се осовина.
Е сега бидејќи цело масло од менувач си истече, ај си викам да го сменам цело.
Кај да видам какво масло точно треба за да купам? или да одам во продавница со сообраќајната па они знаат...