Моментално работам за една фабрика за производство на црева во Италија и некни го гледав производствениот процес, црева за циркулација на разладна течност се шилдувани со метална кошулка и нивниот пречник не се менува, не смее да се смени. Има дел гума, па дел кошулка метална, па пак гума (има и модели од сево ова дупло) и на крај кошулките со слоевите гума се вулканизираат во печка. Така да нема шанси цревата да служат за експанзија. Можеби некогаш служеле многу одамна кога немало казанчиња, како кај мене во кадетот на пример.
With all due respect, ама мислам дека Симо ќе да е во право. Кај мене на лименката на казанчето пишува нешто како: level varies depending on coolant temperature and engine load.