Ништо чудно, ја на 166-ката сменив експанзионен сад, зошто беше пукнат. Не разбирам што е прашањето? Ако е „дали може да се деси?“ - да може да се деси. Не мора да е црево пукнато.
симо... живти кариера... парнаџија сум, во детали знам како работи експанзионен сад... ова казанчето што го посочуваш не е ЕКСПАНЗИОНЕН сад... во детали исто така опишав како работи намалувањето и зголемувањето на нивото во казанчето. (не во оваа тема) капачето е сигурносен вентил во два правци. вишакот воздух го исфрла над (отпилика 1 бар) па кога се лади и собира течноста, низ истото капаче повторно влегува воздух... така работи казанчето и систем со испустен вентил на вишок притисок НИКАКО НЕ Е ЕКСПАНЗИЈА!! експанзија е комплетно затворен систем кој го компресира ЦЕЛОСНО вишокот на притисок... еве дури и армекс ти го кажува истото со други зборови:
Кaзaнчетo стoи пoлупрaзнo нaјчестo и врши улoгa нa ширење нa течнoстa вo негo преку пoпoлнувaње нa прaзнинaтa сo кревaње нa нивoтo. Ништo не се шири ниту се сoбирa.
експанзионен сад е нешто во што се компресира одредена материја (течна или гасовита, течната се компресира со гумена мембрана под притисо со гоас, најчесто азот но може и обичен воздух), која компресирана маса (воздух или вода) при разладување на системот повторно ке ја врати назад во циркулација...
што се однесува до ширењето на цревата, тие се компензациониот дел на притисокот но тоа волуменски е многу малку, бидејки збориме за не повеќе од 10 литри во било која кола. тоа што дени сега работи/одработува за некоја фабрика од италија која што прави црева кои пак не смеат да се мрднат, тогаш нека дени ми објасни дали кога е празно тоа црево може да го стисне со прсти и да му го намали внатрешниот промер? ако не може тоа, тогаш нема ни да се рашири цревото...
што се однесува до твоето знаење, не го деградирам, велам дека ти си голема ризница на информации и податоци, и секако тоа го ценам, само не се согласувам дека по прашање термини и правилна употреба на истите (помеѓу мене и тебе стално се глави за тоа), значи не се согласувам со тоа што повеќето од твоето знаење (нај често повторувам за термини и околу автомобилизмот) се базира на податоци од интернет и лично искуство многу мало, да не речем напрсток од моето лично искуство. затоа колку и да постираш линкови од интернет, википедија, и тука ми даваш некакви си симултани преводи само за да убедиш некого (или мене) дека си во право, кај мене не ти проаѓа...
за конкретниот термин, експанзионен сад и неговото реаботење во разни услови, има цел учебник и се учи цела една школска година во отсек термика, и во сите моменти експанзиониот сад е поставен како уред од ЗАТВОРЕН систем.. тотално спротивно од казанчето на автомобилите.. а тоа што во “сиромашното“ англиско говорно подрачје, немаат доволно зборови па измислуваат-користат зборови кои се многу слични според уредите... тоа е нивни проблем,а на моторот.. а ти немој слепо да се фаќаш за ДИРЕКТЕН ПРЕВОД, пошто вака излегува безвезе. исто како со она дали е декла или главаа. последен аргумент ти беше дека германците ја викале dekl, па затоа 100% е декла, а не глава, иако во многу амерички клупови сум го чул терминот head of engine, па ниеднаш не го турив тоа како аргумент...
исто така ке сретнеш податок некаде (веројатно и би го постирал, ако не кажам сега) дека често и за автомобилите се збори дека системот за разладување на моторот е ЗАТВОРЕН СИСТЕМ. е сега, секој затворен систем има и сигурносен вентил, исто како кај секое парно, клима, солар, водовод, плински боци и системи итн итн, така и кај колата има. ама кај сите други што ги набројав тој сигурносен вентил е поставен на инсталација, не и на експанзијата... а кај колите (и впрочем скоро сите машини на внатрешно согорување) тој сигурносен вентил е на казанчето, и поради тоа, тоа казанче не е експанзија. и тоа казанче, не се шири нити компресира било што повеќе одошто целата инсталација во моторот, со се хладњаци, црева, канали низ машината итн итн... и уште една разлика со сите претходни е дека сигурносните вентили на сите други системи се во еден правец испуштање, а кај овие на казанчињата, се во два правци... овој податок, од моето стручно гледиште, и не го прави системот баш ЗАТВОРЕН, ама ај, нема везе, бидејки ОТВОРЕНИОТ систем (го имаа порано многу возила, постари олдтајмери) подразбира немање точно на тоа казанче со тој вентил на капачето...
техничка документација? барај си сам, шо има ја да барам од тебе... впрочем, ти бараташ со линкови од интернет... тебе ти е школо интернетот, не мене.. мене праксата ми е, и како што нит ти нудам, нит ти барам линкови, заобиѓи ме со тие килави муабети, те молам... најди си сам, ако убаво се потрудиш, ке си најдеш се што ти трба за да си докажеш сам на себе за ова погоре што го пишав...