Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2361930 пати)

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2025 на: 31 Мај 2016, 16:02:39 pm »
Дали го препорачувате сервис митревски за голем сервис за vw мк5? Во смисла искусни ли се или не, фер нефер преваранти и ткн?

Целосна препорака имаш од мене за сервис Митревски.
Мислам дека Влатко е многу фер и коректен лик и доколку ги набавува он деловите мислам дека имаш 2 години гаранција или 50000км за деловите.( барем така беше за колега мој со ибица).
После позитивното искуство што го имав со Толедото, сега и Хондата ја носам кај него за редовен сервис.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10596
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2026 на: 31 Мај 2016, 17:40:56 pm »
za vw i sertifikati imat mislam taka da slobodno i za drugi problemi moes da se obratis ne samo za servis.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2027 на: 31 Мај 2016, 19:49:13 pm »
А што подразбираш под нормален.

тоа излегува во последен период дека е нај големата мистерија, затоа што едно нешто за некого е нормално, за некого не... нормално е она што тебе ти е нормално, а не е оквалификувано со некакво правило или закон...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2028 на: 31 Мај 2016, 23:33:54 pm »
Бато Симе,

Каква пристрасност, Хундаито ми беше забава, го палев форумот со него ;D Но имаше работи што ги правеше супер, пример, задната мултилинк осовина беше една од најдобрите во класата, како и мењачот. Пластиките не крцкаа ни по 100.000км.  Контролата на моторот со педалата на гас очајна, фалеше малку изолација и чувството на воланот не беше сјајно. Моторчето косилица, но жилаво ако се цеди до 6000 и поеконмично до TSi-то на Маријан или бар исто. Денес кога е во мода пак да се користат крути осовини, I30 за 10.900 нуди кола со мултилинк, за 12900 дизел.. Нема подобра кола за парите.

Toj multijet od 2003 со 5 вбризгувања е еуро 4, исто како и PD кој има нели само 2. Зошто е тоа така?

Како знаеш дека нема капацитет 1.9 да го одржи бустот? Јас имам графици од бустот, си држи 1 бар  цело време од 1500-4000 рпм. 131 има малце поголем лаг од 101, ама многу поголем грант, поголемо турбо има.  ПД му дава живост на моторот и инстантна реакција на гаста, не е до малото турбо инстантната реакција на гаста. Ете повози Caddy SDI кој нема турбо, не ни мора да го повозиш, само седни во него во лер и дозирај ја гаста, едно 2-3 минути се ќе ти биде јасно. Потоа влези во 1.9 JTDm 150 и пробај го истото, ќе ја видиш разликата во контрола на моторот и реакција на гаста (Млитав пијан мотор како да е без компресија)
И мене ме интересираше зошто ПД имаат инстантна и прецизна контрола на моторот, посебно на ниски вртежи. Се што успеав да најдам е дека притисокот на горивото цело време се одржува на 2000 бари, додека тоа не е случај со CR, кој мора да набие притисок. Ајде побарај ти нешто на оваа тема, дознај зошто овозможува и прецизна контрола на моторот, од 1000-2000рпм може да имаш 50 позиции на вртежите со помош на гаста, кај CR потешко е ова, кај бензинците пак да не зборувам, три позиции се 1000, па 3500, па 5500.

Циклусите на вбризгување што ги фалиш се одвратни. Правени се само за еко нормите, а во пракса моторот со нив кроркори, звучи многу лошо. Првата генерација JTD мотори имаат далеку подобар звук од третата. Затоа што ги фалиш а не ги ни разбираш како звучат во пракса, знам дека немаш искуство, туку читаш теорија. Двете вбризгувања на PD со DPF се доволни за Euro5. Реално, тоа е доволно.

5.0 V10 TDI PD diesel engine is only used in Volkswagen Passenger Cars 'premium' models. At its launch in the Volkswagen Phaeton, it became the most powerful diesel-engined car in the world. A heavily modified dry sump version was used in an LMP1 Lola sports car to compete in the 2004 Le Mans under a Caterpillar badge




Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2029 на: 31 Мај 2016, 23:39:24 pm »
Што се однесува до новата генерација на PD, има безброј начини за нејзина реинкарнација. Најлесно според мене е да се направи посебна брегаста со поголема редукција па може да се зададат колку што е потребно циклуси на вбризгување.  Може со помош на било која екстерна технологија да се направи актуатор. Нема да се случи тоа. Моторите со внатрешно согорување, одбројани им се деновите, за 10тина години ќе возиме електрични косилици.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2030 на: 31 Мај 2016, 23:40:30 pm »
Предлог за менење на уље во Скопје, кој би препорачале? Истотака и поправка на пукнат преден споилер на Е90?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8116
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2031 на: 01 Јуни 2016, 00:36:01 am »
Едно прашање. Имам округла плинска боца поставена на место на резервното тркало. Прееска приметив дека на боцата од страна има едно кругче (најверојатно е некаков чеп) па приметив како да е подвиткан/подизлезен. Значи не диши само е малку подвикан и личи како да е подизлезен од едната страна. Дали така треба да биде?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10596
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2032 на: 01 Јуни 2016, 02:05:51 am »
Масло сам мени си :) Моторно ? погоре го пофаливме митревски нели, исто и властените се добри. Сигурно има и други добри мајстори.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10596
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2033 на: 01 Јуни 2016, 02:16:45 am »
Жиле, тоа мислам е сигурносен вентил, подизлезен стои... Ако ги тргнеш насилно ќе пушти. Најарно не го чепкај
Кога сме кај прашања... Тесла аутава, се погонувани од струја т.е. ел. енергија, која се добива од електраните, кои во најголем дел се ложени со ураниум. Е сега, што ќе му прават на ураниумот после, стврно не ми е јасно, пошто нели почнаа со стотици илјади вакви коли да се произведуваат.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2034 на: 01 Јуни 2016, 08:49:06 am »

Ајде побарај ти нешто на оваа тема, дознај зошто овозможува и прецизна контрола на моторот, од 1000-2000рпм може да имаш 50 позиции на вртежите со помош на гаста, кај CR потешко е ова, кај бензинците пак да не зборувам, три позиции се 1000, па 3500, па 5500.

Џорџе... Џорџе... шта ти то причаш?!?! За притисокот во CR на бензинците има 3 "позиции" или позиции на гаста?!?

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5185
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2035 на: 01 Јуни 2016, 09:03:00 am »
Мене уште не ми е јасно зошто има разлика во притисокот во заедничката цевка за гориво на инјекторите, притисок кој е тесно поврзан со позицијата на педалата за гас.

Зошто има варијабилен притисок? Овој тип на мотори немаат ли повратен вентил, неискористеното гориво да го враќаат назад?
Осцилациите од тој варијабилен притисок нели го оштетуваат системот за гориво?

Јас мислев дека целата поента на CR е да се држи константен притисок во заедничкото црево од кое секој инјектор црпи гориво, што во превод значи константен притисок во секој инјектор. Па потоа компјутерот контролира кога и колку да се подига иглицата на секој инјектор, за да влезе “идеална“ количина на гориво во цилиндарот.


пс. Лаик сум, со желба за учење. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44587
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2036 на: 01 Јуни 2016, 10:00:30 am »
Бато Симе,

Каква пристрасност, Хундаито ми беше забава, го палев форумот со него ;D Но имаше работи што ги правеше супер, пример, задната мултилинк осовина беше една од најдобрите во класата, како и мењачот. Пластиките не крцкаа ни по 100.000км.  Контролата на моторот со педалата на гас очајна, фалеше малку изолација и чувството на воланот не беше сјајно. Моторчето косилица, но жилаво ако се цеди до 6000 и поеконмично до TSi-то на Маријан или бар исто. Денес кога е во мода пак да се користат крути осовини, I30 за 10.900 нуди кола со мултилинк, за 12900 дизел.. Нема подобра кола за парите.
Quote for fun :D Мада точно дека И30 нуди мултилинк за 11.000 :)

Цитат
Toj multijet od 2003 со 5 вбризгувања е еуро 4, исто како и PD кој има нели само 2. Зошто е тоа така?
Затоа што 3 од 5 вбризгувања ги користи за да биде поподнослив во работата. Другото мање-више исто: ЕГР, катализатор...па и дпф...
Цитат
Како знаеш дека нема капацитет 1.9 да го одржи бустот? Јас имам графици од бустот, си држи 1 бар  цело време од 1500-4000 рпм. 131 има малце поголем лаг од 101, ама многу поголем грант, поголемо турбо има.  ПД му дава живост на моторот и инстантна реакција на гаста, не е до малото турбо инстантната реакција на гаста. Ете повози Caddy SDI кој нема турбо, не ни мора да го повозиш, само седни во него во лер и дозирај ја гаста, едно 2-3 минути се ќе ти биде јасно. Потоа влези во 1.9 JTDm 150 и пробај го истото, ќе ја видиш разликата во контрола на моторот и реакција на гаста (Млитав пијан мотор како да е без компресија)
SDi нормално декa ќе има побрз одзив. Нативно моторот има поголем компресионен однос, што е многу битно. Кога ќе ја намалиш компресијата на моторот, тој станува далеку понемоќен се додека турбото не успее да ја надомести намалената компреија. Кога турбото веќе се завртело доволно брзо за да може да испорача компресија, тогаш ни лаг ни бутур.

1.9 101 максималниот буст му е лимитиран на 1 бар, од 1500 до 4000 рпм со помош на wastegate, како впрочем и на скоро сите турбаши, така да тоа што го гледаш на 4000рпм е максималниот буст што може турбото да го даде при тие вртежи, а на 1500 е вештачки лимитиран со помош на wastegate-от. Физичките карактеристики на турбината кажуваат каков риспонс ќе има при ниски вртежи и колкав максимален буст ќе може да оствари при високи вртежи.
За пример ќе ги земам мотрот од 159 tbi и моторот од Giulietta QV до 2014 година (со челичен блок). Моторот на 159 има ККК К03 турбина, моторот на Giulietta има KKK K04 турбина. Моторот на 159 има побрз риспонс на мали вртежи, и речиси нема лаг, додека моторот на Giulietta има поголема максимална снага и поголем торк (при овербуст), но даунсајд е турбо лагот при ниски вртежи.
Разбери дека „мртвоста“ при ниски обртаи е само и единствено заради типовите на применетите турбини (и делумно бутање на издувни гасови назад во моторот, поради екологија. Укини го ЕГР-от, одма добиваш инстант риспонс на ниски вртежи).
Цитат
И мене ме интересираше зошто ПД имаат инстантна и прецизна контрола на моторот, посебно на ниски вртежи. Се што успеав да најдам е дека притисокот на горивото цело време се одржува на 2000 бари, додека тоа не е случај со CR, кој мора да набие притисок. Ајде побарај ти нешто на оваа тема, дознај зошто овозможува и прецизна контрола на моторот, од 1000-2000рпм може да имаш 50 позиции на вртежите со помош на гаста, кај CR потешко е ова, кај бензинците пак да не зборувам, три позиции се 1000, па 3500, па 5500.
Објаснувањето тешко некој да ти го даде. Истото ова со инстантната и прецизна контрола го тврдеше за сите дизели како предност на дизелите во темата Дизел вс Бензин. Сеа испаѓа дека тоа било стриктно предност на ПД моторите. Јас искрено не верувам во прикаскава што ја фураш. Можда некој ќе ти поверува.

Цитат
Циклусите на вбризгување што ги фалиш се одвратни. Правени се само за еко нормите, а во пракса моторот со нив кроркори, звучи многу лошо. Првата генерација JTD мотори имаат далеку подобар звук од третата. Затоа што ги фалиш а не ги ни разбираш како звучат во пракса, знам дека немаш искуство, туку читаш теорија. Двете вбризгувања на PD со DPF се доволни за Euro5. Реално, тоа е доволно.

Пак пробуваш да го деградираш моето знаење без притоа да приложиш никакви факти, туку се повикуваш на моето искуство, кое немаш појма какво и колкаво е. Ете, јас не го сакам звукот на дизел моторите воопшто, па за мене поприфалтив е звуокот кога ме возат во Golf VI CR, отколку на Golf V PD. Не мора ни да ги возам за да слушам, а и ги имам возено доволно.
Што се однесува до еко нормите, да, доволни се за Еуро 5, затоа што ги имаат на помош катализатор, DPF и EGR, ама толку до Еуро 5. За Еуро 6 не ги бива. Додуша на VW испадна дека не ги бива ни CR за Еуро 6, ама тоа е друг муабет.
 
Цитат
5.0 V10 TDI PD diesel engine is only used in Volkswagen Passenger Cars 'premium' models. At its launch in the Volkswagen Phaeton, it became the most powerful diesel-engined car in the world. A heavily modified dry sump version was used in an LMP1 Lola sports car to compete in the 2004 Le Mans under a Caterpillar badge
Аа фала за споделената информација. Не сум знаел дека некој пробал да ја употреби технологијава (за жал безуспешно) и за ендуренс рејсинг.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8116
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2037 на: 01 Јуни 2016, 10:32:25 am »
Жиле, тоа мислам е сигурносен вентил, подизлезен стои... Ако ги тргнеш насилно ќе пушти. Најарно не го чепкај
Кога сме кај прашања... Тесла аутава, се погонувани од струја т.е. ел. енергија, која се добива од електраните, кои во најголем дел се ложени со ураниум. Е сега, што ќе му прават на ураниумот после, стврно не ми е јасно, пошто нели почнаа со стотици илјади вакви коли да се произведуваат.
ке ставам слика после да видиш за што се работи

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2038 на: 01 Јуни 2016, 12:11:10 pm »
Укини го ЕГР-от, одма добиваш инстант риспонс на ниски вртежи).

За ова можам да потврдам дека е 100% точно.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #2039 на: 01 Јуни 2016, 12:51:38 pm »
Сервис за БМВ во Скопје, ке треба да мењам уље и задните кочници истотака на Е90