Не те потценувам Симо, јас тебе те ценам оти си еден од поначитаните членови на форумот и употребуваш логика. Но ако треба те пердашам кога грешиш, но тоа е за твое добро, да се подобриш. Немаш ни 1/10 дизели извозено, немаш доволно искуство во случајов.
Да „пердашиш“ со факти - пеќи, ама ти не пердашиш, ти пробуваш да го деградираш мојот збор со тоа колку ја имам извозено дизели. Накратко, одговорот е: доволно за да може да споредувам, притоа да поткрепам тук` таму и со некој факт.
А пофалам некој мотор или кола и веднаш сум пристрасен. Еднаш ја пофалив Астрата 1.9 CDTi и имам Astra. Сега имам PD. Не е битно што имам, јас знам да разликувам и оквалификувам. Иако PD е супериорна технологија, пример никогаш нема да препорачам 1.4 TDI PD.
За пристрасноста кон тоа што го возиш се покажа уште на времето хјундаи кога возеше, тогаш најбоља кола на свет беше. За астрата искрено не се сеќавам.
Како тоа супериорната технологија умре во автомобилскиот свет? Па нели индустријата се бори со помош на супериорна технологија да добие предност на пазарот? Чудно... не ми одговори на ниедно од горните прашања. Еве, ај само на едно те молам. Зошто Le Mans TDI рејсерот користи инфериорна CR технологија? Па таму барем не е битна рафинираноста при работа и буката што ја произведуваат, но скако ќе профитираат од предностите на ПД, како брз тротл респонс, и снага при ниски вртежи...
Тркаторче безвезно. 2.5 ТDI е душегуб, исто како и 2.0TDI. Да не го пуштеа од фабрика 2.0 TDI толку фаличен, ќе го возев можеби денес, затоа што не сум возел подобар 2 литарски дизелаш. Имам возено и 2009 BMW 320D 177ks, млитав CR дизелаш, кој на ниски нема снага. Имам возено само еден дизелаш CR кој влечел на ниски, тоа беше Alfa 1999 156 1.9JTD, 105, но до ден денес не знам дали не беше чипувана.
1.9јтд 105 влече на ниски поради малата турбина која со малку издувни гасови ги постигнува своите граници (максимална ротација). Но затоа, тој има мала снага на високи вртежи, бидејќи нема капацитет да го одржи бустот.
Тек да видиш како тегне на ниски 1.9 јтд 85hp...Максимален торк на 1500, максимална снага на 3500 вртежи.. Корне!
PD вади 2000 бари притисок уште од првиот сигнал на екуто. CR не може, му треба некое време, млитав е. Најди CR дизелаш што се вози добро 1000-2000рпм, тешко.
Нешто си грешка околу ова со притисоците. Притисокот во Common rail-от е постојан, нема зошто да „не може“ и да „му треба некое време“. Вади онолку бари на колку што е натокмен, во секое време. При секое отворање на пиецо инџекторите низ нив протекува дизел со константен притисок. Тоа што ти не можеш да го сконташ е дека во еден циклус има (обично) 5 последователни вбризгувања, кои ја „мазнат“ силната детонација од работниот такт. Ти тоа го карактеризираш како „млитавост“, јас го карактеризирам како „рафинираност“. Таква рафинираност нема кај PD. Едно вбризгување, максимална експлозија во работниот такт, и многу галама притоа.
Околу повлекувањето на ниски ветежи, немам што да ти кажам.. Ако сакаш тоа да го припишеш на технологијата на вбризгување, тогаш очигледно нема што муабет да праиме јас и ти. Вбризгувањето на горивото е „на услуга“ на количеството воздух што ќе го набуташ во моторот. Ако може многу воздух да набуташ при ниски вртежи, ќе имаш многу снага при ниски вртежи. Не е проблем на технологијата на вбризгување на гориво.
V10 5.0 TDI е PD и соодветната леман верзија.
Не те разбирам, во кој рејсер е вграден PD мотор? :
Audi R10 TDI е CR https://en.wikipedia.org/wiki/Audi_R10_TDI#Engine
Audi R15 TDI e CR
https://nl.wikipedia.org/wiki/Audi_R15_TDIAudi R18 TDI e CR
https://it.wikipedia.org/wiki/Audi_R18_TDI#Motore