Да прашам. Ми се случи некаков проблем со колата како никогаш досега (Голф 4, 1.9 тди). Не покажува никакво присуство на струја во системот. Централното не работеше, не можев да отклучам со даљинското па отклучував рачно со клучот. Не дава никаков контакт, не работи ни еден бројчаник, радиото не работи, ни часовник, ништо. Прво си помислив да не е украден акумулаторот. Отворив капак, се е во ред
Што може да е проблемот? Инаку минатата недела 3 пати извозив по 100 км на отворено и в град без никаков проблем, последен пат во неделата. Вчера не ни пробав да ја палам/возам.
прво провери да не отишол акумулаторот во аут. со унимер, измери му колку има напон.. ако е под 10 волти, не би ме чудело компјутерот да га изгаси цел систем на 10 волти пад, мада, мислам дека централното и светло во кабина неможе, а би светело на отворена врата, колку и да паднат напонот...
втоа и по веројатна опција е изгубен контакт... може да се деси и додека ја возиш колата, а да не приметиш, затоа што алтернаторот полни струја додека врти моторот, кога ке изгасиш колата, систе системи се гасат па и алтернаторот , затоа после нема никаков котнтакт ни на брава ни ништо...
значи, пробај го следново: извади ги клемите од акумулаторот, тргни го него на страна, исчисти ги контактите на акумулаторот, па после и самите клеми. после тоа на самите клеми, отштрафи ги каблите без оглед дали се на папуча или се со преклопна стега, и тука исчисти убаво да нема оксиданти и склопувај, притоа стегај, не жали.. врати се на свое место назад, ако имаш централно прво осигурај се клучот да не ти е во брава пред да ги поврзеш клемите од акумулаторот, или врата отворена да имаш, ама посекако со исклучен контакт, закачи ги клемите и види дали е ке добиеш контакт и дали ке проработи се... би требало да го решиш вака... ако не, електричар, мада мислам дека нема да имаш потреба...
според ова што ми го кажа една од тие две опции се, поверојатно вторава... сеуште не сум сретнал кола која има комплетен шат даун на цела струја, да не светне или трепне ништо во нејзе, а акумулаторот да е исправен...