Здраво на сите, прв пост, па одма да прашам.
Неодамна се подновив со VW Polo 1.2 od 2010 година, има пројдено 86.000.
Иако колата е зачувана, сепак при кочење има ,,луфта" на педалата за кочење.
Имено, со нагазување на педалата првите 1-2 см не почнува да кочи односно не е сензитивна, по тие 1-2 см си кочи ама нагло ,, укопува".
Прашањето мие дали треба да се сменат дискови (дисковите се оргинални), плочки, гуртни или имам некој друг проблем.
Кочницата воопшто не квичи...
Ја прочитав детално темата за кваилтетни дискови и плочки, па доколку е до нив веќе имам совети за каков вид на дискови/плочки да се купат.
ПС: Предложете добар сервис во Кисела Вода
не е реткост ова. многу возила го имаат тој “проблем“ и тоа уште од фабрика... реално, ако си бил навикнат на корсата да фаќа скроз горе, сега ке ти треба да се навикнеш на подоле, т.е. покасно, што значи порано ке стискаш...
но... ова зборува за една фабричка не прецизност при преносот на кинетичката сила, преку механичкиот склоп на хидрауличната пумпа... што значи, има празен од во механичкиот дел.. или има извесно запнување со некаков отпор што се ослободува одеднаш... како и да е, тоа е механички конструктвен (фабрички) проблем кој е присутен, како што реков на секое поло што го знам, и на подоста голфови исто така... за воља на вистината и на извесни други брендови, (да не бида дека плукам на фолксваген само), и е практично нерешлив, т.е. решлив е, се додава една пиксна пред пумпата, но е бајаги комплицирано...
инаку, со потрошени плочки или дискови (или и двете) никогаш нема да ти го покаже овој симптом, бидејки на шепите има самозатегачи, па како се троши плочката и/или дискот, така ја лепи повторно плочката до дискот како што била и претходно, а тоа за пумпата на педалата е иста состојба како и претходно, затоа нема логика да појавува луфта на педала, заради потрошени плочки и/или дискови. едино има мала шанса да покаже одвреме навреме застарен глицерин.. ама одвреме навреме реков, не секое стискање... од глицерин остарен, ке има често нерамномерна висина на фаќање.. час е погоре, час е подоле, час негде измеѓу и цело време така...