Здраво на сите, прв пост, па одма да прашам.
Неодамна се подновив со VW Polo 1.2 od 2010 година, има пројдено 86.000.
Иако колата е зачувана, сепак при кочење има ,,луфта" на педалата за кочење.
Имено, со нагазување на педалата првите 1-2 см не почнува да кочи односно не е сензитивна, по тие 1-2 см си кочи ама нагло ,, укопува".
Прашањето мие дали треба да се сменат дискови (дисковите се оргинални), плочки, гуртни или имам некој друг проблем.
Кочницата воопшто не квичи...
Ја прочитав детално темата за кваилтетни дискови и плочки, па доколку е до нив веќе имам совети за каков вид на дискови/плочки да се купат.
ПС: Предложете добар сервис во Кисела Вода