Некои возила трајно може да ја модифицираат бензинската мапа, поради лошо подесен плин, па да е потребен рефлеш на еку-то. Според ова што го кажуваш, изгледа тоа се има случено кај тебе. Прво и основно што мора да направиш е да го напавиш возилото совршено да работи на бензин. Веројатно ќе треба во овластен сервис, да направат програмирање на еку-то, за да се вратат фабричките поставки на мапата. Потоа, да се детектира доколку постои некој дефект (лош сензор, кабли, бобини, клапни и остало...), па откако ќе проработи колата на бензин, ќе ја однесеш кај некој саглам плинаџија со искуство (на пример плимонт), и ќе ја наштелувате да работи на плин, секако со отклонување на можните дефекти во плинскиот систем.
Ако не го фатиш овој пат, нема никад да си ја доведеш колата во ред...