Еве и јас да пишам. Голф 5 1.9 тди. Трошоци од 03.2012 до денес , односно 107 000км. околу моторот, бидејќи другото е исто и кај бензинецот предпоставувам.
Филтрите се Ман и Хенгст.
1. Осум пати менувано моторно Мотул масло + филтер и штопна, секоја промена е околу 3500-4000 ден.
2. Шест пати менувам филтер за воздух, секоја промена е околу 800 ден.
3. Три пати менуван филтерот за полен, секоја промена е околу 1000 ден.
4. Три пати менуван филтерот за нафта, секоја промена е околу 1200 ден.
5. Антифтиз 3 пати сменет (цена незнам).
6. Голем сервис, каиши, затегачи и водна пумпа еднаш променети во колевски, 350 евра со попуст.
7. Предни стабилизатори 3200 ден.
8. Зглоб околу 3000.
9 Гумица на капак за вентили 1200 ден, капаче за капакот 300 ден.
10. Еднаш превентивно сменет термостат, таа пластеката(разводник) за антифриз, гумици на цревата за парното...околу 2000 ден.
11. Акумулатор 5000 ден.
Сега сакам да сменам масло во менувач, 2000 ден. ќе фати VW маслото.
Спенсер и Дарко мк5 имаат бензинци 1.4 па нека пишат