...
Тоа што ти не си сменил, не значи дека кај друг не страдаат. Боже мој, можеш и уље да не менуваш 50.000 км и да пишеш дека денар не си фрлил на сервис.
Ок, бидејќи не знам колку кошта сервис на Passat TSI (иако се скапи дизните на тси, многу помалце страдаат од причина што работат на послаб притисок од дизел, а дизел дизна многу повеќе страда од лоша нафта), еве друга споредба.
Fiat Multijet - дизни - 400 е па нагоре, сет ламела, замаец, потисна, хидраулучна пумпа - околу 400 е, турбина 200 е па нагоре.
Fiat 1.2-1.4 - бомбини (најскапите 1.4 16v 80е парче во Аутмобиле СК, ако се расипе една не мора да ги смениш сите), свеќици 1800 денари, сет ламела...- 250 е.
Разлика од минимум 700 е.
Ги пишав најчесто менуваните и најскапите делови. Во однос на останатите делови цената е горе доле иста. Оваа бензин/дизел споредба горе доле можеш да ја земеш за било која марка, доколку бензинот не е директно вбризгување.
Од друга страна, доколку се работи за понови возила, би требало да поминеш поефтино со дизелот доколку го продадеш пред да му дојдат трошоците од погоре.
#JKD Нормални или не нормални, праксата во Македонија покажува дека дизни страдаат кај многу голем процент на дизел возила, така да...