Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1766912 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4972
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1020 на: 24 Декември 2015, 23:00:06 pm »
Positive crankcase ventilation
Crankcase Ventilation breather/valve

На македонски, најверојатно филтер/вентил за картерни гасови/картерна вентилација. Најверојатно.

Ти си од Паланка и кај голфот ќе биде поизразено. На студено време, самиот вентил/филтер се полни со т.н. мајонез (масло + вода), заради возење на кратки релации/незагреан/непотполно дозагревање за да испари самата кондензација. Овој мајонез во одредени услови може да замрзне и да ти направи беља.

Решението за долг живот на здрав вентил/филтер е возење на подолги релации (особено зимно време) за да загрее моторот и да испари кондензираната вода.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1021 на: 24 Декември 2015, 23:15:47 pm »
Прочитав што е причината за затнување на вентилот. На секое палење гледам да извозам некој километар повеќе ако не друго барем да загрее моторот како што треба мада и да загреал моторот сепак се тоа кратки релации испод 10 км.

Данкешен Луки.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3467
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1022 на: 25 Декември 2015, 07:49:02 am »
Сакам да ве прашам каде по скопјето можам по најдобра цена да земам филтри ребраст и водна пумпа за мојата мазда 3 1.6 bk 80kw?  И која марка на делови би ми ја препорачале а сепак цената да биде профатлива. Благодарам
Солид
http://zk.mk/solid-1

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1023 на: 26 Декември 2015, 19:44:13 pm »
прашање до поискусните.. почна да ми крцка нешто напред кога вртам лево десно ,понекогаш има и рамномерно тропкање.јас мислам дека е зглобот,ке идам до мајстор,
но прашањето ми е дали има шанси од зглобот да тресе колата,зашто има и тресење откако почна да крцка(предходно немаше) исто као на пример да има крива гума?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20608
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1024 на: 26 Декември 2015, 19:47:32 pm »
Многу веројатно да е отиден зглоб.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1025 на: 26 Декември 2015, 19:55:52 pm »
Многу веројатно да е отиден зглоб.

да,но има ли шанси од тоа да тресе исто како кога би имало крива гума...зашто предните гуми имаа поминато некои 20к-25к км?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20608
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1026 на: 26 Декември 2015, 19:57:15 pm »
Да бидам искрен, не знам за сигурно, ама претпоставувам дека може. Лагер, зглоб, нешо си ја има маката...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1027 на: 27 Декември 2015, 09:05:38 am »
Многу веројатно да е отиден зглоб.

да,но има ли шанси од тоа да тресе исто како кога би имало крива гума...зашто предните гуми имаа поминато некои 20к-25к км?

oд зглоб, тешка работа дека ке тресе...  а тоа што ти крцка на вртење, ако е во место, тогаш е лагер на амортизер или некоја јабучица-спона, а ако е во возење тогаш може да е зглоб...

тресење во возење, најчесто е гума.. ретко е крив диск или лагер... ако е диск, тресењето е по изразено при кочење!
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1028 на: 05 Јануари 2016, 18:35:47 pm »
Ај вака.....

Денеска возам за Бугарија и таман поминав наша граница и во меѓузона (сосема небитно) лазам со еден на саат и одеднаш ми се јави звук на колата кој доаѓаше од под хауба. Дали од моторот или од нешто друго не знам, јебемлига. Доволно беше силен за да може да се чуе со пуштено радио во кола. Звукот беше со непрекинат тон нешто налик како кај некои коли за заборавено светло. Пошто прв пат ми се дешава вакво нешто одма ја изгасив колата и пак ја запалив и звукот го снема.

Што би можело да биде причина за звукот? Се работи за Голф 7 1.2 ТСИ.

ај прашај, па пиши...

Таков беше само многу појак звук, овој на видеото мислам дека внатре не може да се слушне.

Тогаш сигурно е ова.  PSV valve.


Дефинитивно е тоа. Исти беше звукот. Ќе видам што ќе ми кажат во Порше и ќе им напоменам дека може се работи за тоа. Знае некој како точно се нарекува овој вентил?

Тенкс Лорду.
[/quote]

Positive crankcase ventilation
Crankcase Ventilation breather/valve

На македонски, најверојатно филтер/вентил за картерни гасови/картерна вентилација. Најверојатно.

Ти си од Паланка и кај голфот ќе биде поизразено. На студено време, самиот вентил/филтер се полни со т.н. мајонез (масло + вода), заради возење на кратки релации/незагреан/непотполно дозагревање за да испари самата кондензација. Овој мајонез во одредени услови може да замрзне и да ти направи беља.

Решението за долг живот на здрав вентил/филтер е возење на подолги релации (особено зимно време) за да загрее моторот и да испари кондензираната вода.

Вчера го носев голфот во Порше, им објаснив дека според звукот спореден со оној на видеото од Лордот се сомневам на pcv valve или како Луки што објасни на македонски филтер/вентил за картерни гасови/картерна вентилација. Извршена е компјутерска дијагностика и не најдоа никаква грешка, ниту пак грешка во историјата доколку таква се има јавено некогаш претходно. Досега сум бил единствен кој се јавил за ваков проблем. Со вработениот со кого разговарав ми рече дека можеби тој звук се јавил доколку дошло до превисок притисок во дизните кој може да достигне и до 200 бара но тоа е сепак негово субјективно мислење. Официјално колата нема никаков проблем и нема простор за грижи.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6300
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1029 на: 06 Јануари 2016, 00:10:46 am »
Некој да ми кажи за што служи воздушниот сензор за температура ? Најдов денеска го наместив на клиото никаква разлика нема..

овај е..

http://www.ebay.co.uk/itm/Air-Temperature-Sensor-for-RENAULT-Clio-Grandtour-1-5-dCi-dCi-01-12-Option-2-/361262171859

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 847
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1030 на: 06 Јануари 2016, 00:52:52 am »
Некој да ми кажи за што служи воздушниот сензор за температура ? Најдов денеска го наместив на клиото никаква разлика нема..

овај е..

http://www.ebay.co.uk/itm/Air-Temperature-Sensor-for-RENAULT-Clio-Grandtour-1-5-dCi-dCi-01-12-Option-2-/361262171859
Претпоставувам дека станува збор за сензор на моторот, а не за амбиентална температура. Ја мери температурата на воздухот на усисната грана, за да го калибрира соодносот на воздух/гориво. На поладно треба повеќе гориво, на потопло помалку. :)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1031 на: 06 Јануари 2016, 01:06:36 am »
Некој да ми кажи за што служи воздушниот сензор за температура ? Најдов денеска го наместив на клиото никаква разлика нема..

овај е..

http://www.ebay.co.uk/itm/Air-Temperature-Sensor-for-RENAULT-Clio-Grandtour-1-5-dCi-dCi-01-12-Option-2-/361262171859
По сликата колку гледам  треба да ја мери надворешната температура и ако имаш борд или на централната конзола да ти ја покажува надворешната температура..... Каде стои на браникот ли?

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1032 на: 06 Јануари 2016, 01:51:24 am »
На една нагорнина, во втора возев полека.. светна оваа сијаличка на бордот пропратено со свирење, после на рамно се изгасна. Тоа беше пред некој ден, денес истото ми се повтори и пак на истата нагорнина во втора брзина  ??? 
Барав нешто на интернет, најдов дека е поврзано нешто во врска со кочниците. Глицеринот не е сменет, и нивото е нешто над минимум, плочки тие се променети, е дисковите ми се доста стари и извозени, одамна се за менување  :(



Што може да биде?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6300
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1033 на: 06 Јануари 2016, 02:11:59 am »
Некој да ми кажи за што служи воздушниот сензор за температура ? Најдов денеска го наместив на клиото никаква разлика нема..

овај е..

http://www.ebay.co.uk/itm/Air-Temperature-Sensor-for-RENAULT-Clio-Grandtour-1-5-dCi-dCi-01-12-Option-2-/361262171859
Претпоставувам дека станува збор за сензор на моторот, а не за амбиентална температура. Ја мери температурата на воздухот на усисната грана, за да го калибрира соодносот на воздух/гориво. На поладно треба повеќе гориво, на потопло помалку. :)
Да, фала на информацијата.. Иначе стои на цревото од усисот..

Еве го.


Некој да ми кажи за што служи воздушниот сензор за температура ? Најдов денеска го наместив на клиото никаква разлика нема..

овај е..

http://www.ebay.co.uk/itm/Air-Temperature-Sensor-for-RENAULT-Clio-Grandtour-1-5-dCi-dCi-01-12-Option-2-/361262171859
По сликата колку гледам  треба да ја мери надворешната температура и ако имаш борд или на централната конзола да ти ја покажува надворешната температура..... Каде стои на браникот ли?
Не не тоа си има за надворешна температура.. во десниот ретровизор е колку што знам :)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1034 на: 06 Јануари 2016, 02:22:30 am »
Аха ок..... оти јас коа го вадев кај мене сензорот за надворешна температура што мери исто таков е па за тоа си помислив тој сензор дека  е .....