Менував над 150 делови. По шема работевме, ги имам сите официјални repair manuals. Кога се менуваат knock сензори мора да се извадат дизните, па се кршат конекторите, среќа што се погодивме двајцата автоел. (тој 10 години работел кај најголемиот преварант автоелектричар со најголемо знаење во ПП и подалеку), па ја залемивме и пластиката ја поминавме со епоксидно двокомпонентно лепило. Менуваме задни спони оем тојота и ексцентрични штрафови, сите дихтунзи на дизни, раил, поклопец на вентили, усисна грана, knock сензори и нивна инсталација, успат антифриз глицерин и чистење на ввти филтри. Вложени се над 500 евра вп оем делови. Кај нас нема ниту една гумица...