Мондеото има keyless, што значи често менувам батерии во клучевите. 2025 батерии.
За Мондеото имам 2 клуча, едниот е кај мене едниот кај сопругата.
Мојот се користи повеќе и почесто.
Кога ја земав колата земав Варта батерии, и 2те откажаа во разлика од месец дена.
Тоа ми се виде чудно, сметав дека клучот на сопругата треба да трае подолго.
Лани или полани, како за тест земав Duracell од 180 денари а во другиот клуч ставив од најефтините батерии во Jumbo од 39 денари.
Оваа година пак исто откажаа, прво моите после 2 недели на сопругата.
Сакам да кажам дека батериите од 39 денари од Jumbo издржаа скоро исто како Duracell батериите.
Мене ова ми е чудно, и очекував Duracell да траат подолго од ефтините, али тоа е што е.
Имал некој слично искуство ?