Така и треба да работи релето на тој модел, не е со постојан напон. Туку прави вклучи-пауза-исклучи. Првата жица ти е постојан напон, другата е најверојатно pwm, т.е сигнал. Греачите на тој модел се т.н брзи греачи и доколку им донесеш напон од 12в подолго време ќе изгорат. Провери и континуитет на греачите, т.е отпор, треба да е од 0.6-1.5 оми.
Исто може да провериш и дали ги вклучува греачите со сијалица на 12в.
Поврзи ја сијалицата на маса, а плусот на излезот за греач, но откачи го сензорот за температура на вода и дај контакт. Види како реагира и дали свети сијалицата.