За да не отварам нова тема ќе го поставам прашањето тука,летово од Словенија планирам да донесам градско возило до максимум 5000 евра година помеѓу 2012 и 2016 со максимум 150000км и се двоумам помеѓу Фиат Пунто Ево 1.4 со 77кс и Hјундаи и20 1.2 со 84кс ама редизајн од 2012 година.Цените се повисоки кај кореецот во смисол за исти пари колку што чини Фиат од 2016 година со приближно ист број на км се купува Хјундаи ама 3 до 4 години постаро.Во возилото ќе биде вграден плински уред кој ќе ми го монтираат мои блиски пријатели кои професионално се занимаваат со тоа.За пунтото дознав од повеќе лимари дека каросеријата била поцинкувана додека кај Хјундаи не што во иднина би биле можни интервенции кај кореецот.Одлично сум запознат со квалитетот и поузданоста на корејските возила посебно врвната електроника која скоро никогаш не се расипува како и подложноста на дефекти по кои е познат фиатот.Од друга страна убедливо најниски трошоци за одржување има фиатот,достапни делови кои се најевтини на пазарот а кореецот има нешто поскапи,потрошувачката на гориво кај кореецот е пониска можеби за цел литар низ град,на отворено кореецот работи во 5 та брзина на 2500 вртежи при 100км на час а италијанецот на истите вртежи работи на 80км на час брзина па прашањето ми е во наредни 50000 или 100000км колку би биле трошоците за одржување на двете возила со сите редовни сервиси и нормално во кој сервис а од старт Илија во Ѓорче би бил исклучен поради лошата репутација која ја има уште пред 25,30 години.Однапред благодарам.