Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2862223 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3160
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14520 на: 18 Април 2025, 16:18:43 pm »
Во што точно е разликата помеѓу VW 2.0 TDI EA288 моторите со 150 и 190 коња? Големина на турбо, различни инџектори, нешто трето или воопшто нема разлика?

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3851
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14521 на: 21 Април 2025, 09:53:16 am »
Здраво дечки, дали некој може да сподели повеќе информации во врска со следниот проблем? Се работи за возило Nissan Terrano 2.7 (2003година) потребна е промена на Бош пумпата. Ме интересира:

Колку чини таа интервенција?
Колку чини самата пумпа (делот)?
Кои се симптомите што укажуваат на потреба за промена?
Кои се последиците ако не се смени на време?
Дали можете да препорачате мајстор што би можел квалитетно да ја изврши таа работа?
Дали е реална цена од околу 500 евра за целата промена?
Благодарам однапред!
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3160
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14522 на: 24 Април 2025, 23:12:15 pm »
Здраво дечки, дали некој може да сподели повеќе информации во врска со следниот проблем? Се работи за возило Nissan Terrano 2.7 (2003година) потребна е промена на Бош пумпата. Ме интересира:

Колку чини таа интервенција?
Колку чини самата пумпа (делот)?
Кои се симптомите што укажуваат на потреба за промена?
Кои се последиците ако не се смени на време?
Дали можете да препорачате мајстор што би можел квалитетно да ја изврши таа работа?
Дали е реална цена од околу 500 евра за целата промена?
Благодарам однапред!

Ова само мајстор што ги работи моториве може да ти каже јер е ретка марка.

Отсутен mankanos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14523 на: 29 Април 2025, 21:35:37 pm »
Здраво
Каде да отидам за да се направи smoke test на кола , да се провери каде имам vacuum leak

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5525
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14524 на: 30 Април 2025, 08:26:19 am »
Здраво
Каде да отидам за да се направи smoke test на кола , да се провери каде имам vacuum leak
Tuka javi se
https://maps.app.goo.gl/e9cEeERiHXD7yawN6

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9591
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14525 на: 02 Мај 2025, 18:44:01 pm »
Дечки каде можам да проверам дали колава моја има сензори за притисок на вентил или она другата опција

Отсутен radnaskela

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14526 на: 04 Мај 2025, 00:41:58 am »
Друштво ретко пишувам тука, но ве читам. Имам еден проблем кој го забележав кај мојот автомобил, и мислам дека најчесто се случува на почеток (2-3км поминати).

Имам Мерцедес МЛ320 ЦДИ 2005 (дизел) и кога го возам нормално се е ок, но 2-3 пати ми се има случено да наеднаш притиснам гас до крај и колата како да нема сила почнува да тресе, значи не ни повлекува како што треба, и во овој случај ја отпуштам целата папучка за гас и кога повторно пробав во истиот момент, истото се случи.

Денес на семафор додека чекав да отвори, кога отвори зелено притиснав на гас и истото ми се случи, но овој пат приметив да веќе да онаа сила или турбо како и да се нарече исчезна, и веќе кога притискав целосно на папучката не се случуваше буквално ништо, мртво.

Од страв ја исклучив колата, ја вклучив и се беше во ред.

Што може да е вака од овој опис? Секако ќе одам на сервисер да го види ова на компјутер, но би сакал од вас да слушнам за да не ме мафтаат, барем да имам некое мало “разбирање“ од проблемов.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 481
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14527 на: 05 Мај 2025, 13:39:04 pm »

Личи на проблем со маф сензор.

Отсутен Паланчански

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14528 на: 05 Мај 2025, 17:06:31 pm »
Ако некој има контакт и адреса (локација) од авто сервис Куманово за Фиат. Мислам дека пишуваше некаде, ама не ми поаѓа од рака да го најдам.
Сакам компјутерски да ја проверат електриката, задната позиција ми работи пар-непар (два дена не работи, еден работи).

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2645
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14529 на: 05 Мај 2025, 17:57:29 pm »
Ако некој има контакт и адреса (локација) од авто сервис Куманово за Фиат. Мислам дека пишуваше некаде, ама не ми поаѓа од рака да го најдам.
Сакам компјутерски да ја проверат електриката, задната позиција ми работи пар-непар (два дена не работи, еден работи).

На овој мислиш? https://avtovelinovski.mk/contact

Отсутен Паланчански

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14530 на: 05 Мај 2025, 18:27:28 pm »

На овој мислиш? https://avtovelinovski.mk/contact
Претпоставувам дека е тој. Благодарам.

Отсутен NightTrain

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14531 на: 12 Мај 2025, 22:17:36 pm »
Дечки здраво. Некој да предложи мајстор за менување на ламбда сонда и која е цената да се купи и од каде?

Се работи за Сеат Леон 1.4тси 2012 година фејслифт. :)

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1462
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14532 на: 13 Мај 2025, 00:02:43 am »
Дечки здраво. Некој да предложи мајстор за менување на ламбда сонда и која е цената да се купи и од каде?

Се работи за Сеат Леон 1.4тси 2012 година фејслифт. :)
совет од паталец, смени прво кабли и свеќици може нема да треба да мењаш ламбда сонда, она испод 80-100 еур не е у овластен сервис може и повеќе

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 687
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14533 на: 13 Мај 2025, 09:38:13 am »
Дечки каде можам да проверам дали колава моја има сензори за притисок на вентил или она другата опција

Физички се гледа во самата гума, т.е. дали под вентилот е закачен тој сензор (треба да се извади гумата).

Кога има сензори на притисок на вентил, обично на борд се гледа точно која гума колку има моментален притисок.
Со другата опција (и јас незнам како се викаше), знае само дека некоја од гумите има различен притисок од другите гуми, а не знае колку точно... Затоа обично после пумпање на гумите, се препорачува ресет/калибрација преку бордот за да знае дека сите гуми се исто напумпани, па потоа ја регистрира само нивната меѓусебна разлика кога ќе се појави...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14534 на: 14 Мај 2025, 13:03:48 pm »
За да не отварам нова тема ќе го поставам прашањето тука,летово од Словенија планирам да донесам градско возило до максимум 5000 евра година помеѓу 2012 и 2016 со максимум 150000км и се двоумам помеѓу Фиат Пунто Ево 1.4 со 77кс и Hјундаи и20 1.2 со 84кс ама редизајн од 2012 година.Цените се повисоки кај кореецот во смисол за исти пари колку што чини Фиат од 2016 година со приближно ист број на км се купува Хјундаи ама 3 до 4 години постаро.Во возилото ќе биде вграден плински уред кој ќе ми го монтираат мои блиски пријатели кои професионално се занимаваат со тоа.За пунтото дознав од повеќе лимари дека каросеријата била поцинкувана додека кај Хјундаи не што во иднина би биле можни интервенции кај кореецот.Одлично сум запознат со квалитетот и поузданоста на корејските возила посебно врвната електроника која скоро никогаш не се расипува како и подложноста на дефекти по кои е познат фиатот.Од друга страна убедливо најниски трошоци за одржување има фиатот,достапни делови кои се најевтини на пазарот а кореецот има нешто поскапи,потрошувачката на гориво кај кореецот е пониска можеби за цел литар низ град,на отворено кореецот работи во 5 та брзина на 2500 вртежи при 100км на час а италијанецот на истите вртежи работи на 80км на час брзина па прашањето ми е во наредни 50000 или 100000км колку би биле трошоците за одржување на двете возила со сите редовни сервиси и нормално во кој сервис а од старт Илија во Ѓорче би бил исклучен поради лошата репутација која ја има уште пред 25,30 години.Однапред благодарам.