Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2860285 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6425
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14535 на: 14 Мај 2025, 13:20:53 pm »
Шо и да гледаш од Словенија барај од приморски дел или југ, остало се е со сериозна корозија на подвозје, ова од досњга едно 5-6 возила шо имам видено увезени од познаник.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14536 на: 14 Мај 2025, 13:55:38 pm »
а од старт Илија во Ѓорче би бил исклучен поради лошата репутација која ја има уште пред 25,30 години.

Ако може појаснување, првпат слушам за вакво нешто
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14537 на: 14 Мај 2025, 16:34:42 pm »
па прашањето ми е во наредни 50000 или 100000км колку би биле трошоците за одржување на двете возила со сите редовни сервиси.

ова, ни госпо не го знај

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14538 на: 14 Мај 2025, 19:27:58 pm »
а од старт Илија во Ѓорче би бил исклучен поради лошата репутација која ја има уште пред 25,30 години.

Ако може појаснување, првпат слушам за вакво нешто
Друже 17 години одам во Словенија бидејки имам блиски таму и седам по 3,4 недели одмор.После Македонија Словенија е втора држава која добро ја познавам со сите нејзини предности и маани.Од искуство на куп словенци со кои имам разговарано за возила сите ми потврдиле дека најсочувани каросерии имаат оние возила што се возеле во регионот околу Марибор и Мурска Собота затоа што најмалку сол фрлале по патиштата.Отвори на словенската страница www.avto.net и ќе видиш дека оние возила што се возени во тој регион се меѓу најсочуваните и со највисоки цени како половни возила

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14539 на: 14 Мај 2025, 19:34:03 pm »
па прашањето ми е во наредни 50000 или 100000км колку би биле трошоците за одржување на двете возила со сите редовни сервиси.

ова, ни госпо не го знај
Сигурно си помлад и затоа првпат слушаш вакво нешто.Цело Ѓорче,Хром и подалеку знае за Илија дека од секогаш имал астрономски цени за неговите услуги слично како што Порше има за групацијата од VW.Ако некоја услуга реално чини 3000,4000 денари кај него истата е 12000.Не викам дека не е стручен бидејки има специјализација завршено во Италија но премногу се преценува и тоа го злоупотребува на терен мислејки дека он е единствениот БОГ за италијанско возило и нема никој друг.И Пеце Митревски во Припор покојниот бог да го прости беше БОГ за VW буби и голфови од времето па цел живот си остана скромен,чесен и со многу висока репутација која ја наследи син му Влатко и до ден денес ја одржува истата.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2645
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14540 на: 14 Мај 2025, 20:10:47 pm »

Јас имав Алфа, откако беше влезена во Мк одржувана кај Илија, денес уште ни е во фамилија и уште се одржува таму и нема врска ова со цениве дека било 3 пати поскапо.

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14541 на: 15 Мај 2025, 22:17:54 pm »
Здраво, се работи за Соренто 2009, при возење се слуша репетитовен звук што може да го опишам како clunk, доаѓа од позади најверојатно десно. Брзината на повторувањето на звукот е во релација со брзината на движење. На дупки нема некој дополнителен звук. Претходно на паркинг имаше некој звук како помал камен да удрил  доле ама после тоа немаше ништо.
Како лаик проверив дали мутерите се стегнати и визуелно не можев да приметам дека нешто е откачено. Се качив на праговите и ја клатев, нема звук. Може има некоја флека на внатрешната страна на десното тркалото, ќе видам дали и утре ќе биде таму.
Возев до дома 3-4 км и сакам да знам како да проценам дали е безбедно да ја возам до механичар или да барам шлеп да не направам поголем проблем.

Поздрав!

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2645
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14542 на: 15 Мај 2025, 22:55:37 pm »
Здраво, се работи за Соренто 2009, при возење се слуша репетитовен звук што може да го опишам како clunk, доаѓа од позади најверојатно десно. Брзината на повторувањето на звукот е во релација со брзината на движење. На дупки нема некој дополнителен звук. Претходно на паркинг имаше некој звук како помал камен да удрил  доле ама после тоа немаше ништо.
Како лаик проверив дали мутерите се стегнати и визуелно не можев да приметам дека нешто е откачено. Се качив на праговите и ја клатев, нема звук. Може има некоја флека на внатрешната страна на десното тркалото, ќе видам дали и утре ќе биде таму.
Возев до дома 3-4 км и сакам да знам како да проценам дали е безбедно да ја возам до механичар или да барам шлеп да не направам поголем проблем.

Поздрав!

Провери да не случајно имаш шраф во некоја гума? :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15265
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14543 на: 15 Мај 2025, 23:17:21 pm »
Плочка откачена(провери дискот во каква состојба е),ако е здрав барај визуелно,осовина и сл.
Ако нема визуелно ништо,лагер.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14544 на: 15 Мај 2025, 23:23:01 pm »
За штраф во гума не ни помислив 😁
За плочките и дискот ќе проверам, а и според видеово што го најдов после неколку саати барање личи дека е истиот звук https://youtu.be/9-rgMEUofDg?si=1qCGUYT8EK0zP2r6 па ако имам можност ќе проверам утре 😁

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14545 на: 15 Мај 2025, 23:55:39 pm »
Сигурно си помлад и затоа првпат слушаш вакво нешто.Цело Ѓорче,Хром и подалеку знае за Илија дека од секогаш имал астрономски цени за неговите услуги слично како што Порше има за групацијата од VW.Ако некоја услуга реално чини 3000,4000 денари кај него истата е 12000.Не викам дека не е стручен бидејки има специјализација завршено во Италија но премногу се преценува и тоа го злоупотребува на терен мислејки дека он е единствениот БОГ за италијанско возило и нема никој друг.

Не знам како било пред 30 години, ама цените во Сервис Илија во моментов се повеќе од коректни. Јас живеам во Охрид, имам овластен сервис за Алфата на 75км во Битола, и го имам Сервис Илија на 175км во Скопје. Досега еднаш бев во Битола, и сите наредни пати во Скопје одам и ич не ми е криво. За редовен сервис, поефтино ми е во Скопје него до Битола, со се патни трошоци, толкава е разликата во цени во полза на Сервис Илија. 

Редовниот сервис е поефтин од Аутомобиле СК (и за разлика од Аутомобиле СК, користат соодветно масло), вонредните зафати се со скроз коректни цени, а и услужливоста е на ниво.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14546 на: 16 Мај 2025, 09:35:42 am »
За штраф во гума не ни помислив 😁
За плочките и дискот ќе проверам, а и според видеово што го најдов после неколку саати барање личи дека е истиот звук https://youtu.be/9-rgMEUofDg?si=1qCGUYT8EK0zP2r6 па ако имам можност ќе проверам утре 😁

Најверојатно имаш камче заглавено во каналите на гумата
Своерачен потпис ;)

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14547 на: 16 Мај 2025, 11:34:57 am »
Татко ми има Jimny и често го користи багажникот за мали и средни кутии со различни висини.
Ми треба нешто вакво ама за мазна т.е. пластична површина. Гепекот нема тепих.

Ова е со велкро и нема да функционира.
Има ли некоја алтернатива на ова за пластична површина?

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 687
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14548 на: 16 Мај 2025, 12:09:26 pm »
@Fizzbuzz евентуално нешто да побараш со suction cup... ама бидејќи обично подлогите се ребрасти, тешко се наоѓа...

Или да си ставиш тепих во гепекот... Кај мене е двострано, гумираното го користам ретко ако треба да пренесам нешто валкано, а држачите со велкро ми се наоѓале во огромен број ситуации за да фиксирам работи.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45230
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14549 на: 16 Мај 2025, 13:44:15 pm »
Суперлепак :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed