Друштво ретко пишувам тука, но ве читам. Имам еден проблем кој го забележав кај мојот автомобил, и мислам дека најчесто се случува на почеток (2-3км поминати).
Имам Мерцедес МЛ320 ЦДИ 2005 (дизел) и кога го возам нормално се е ок, но 2-3 пати ми се има случено да наеднаш притиснам гас до крај и колата како да нема сила почнува да тресе, значи не ни повлекува како што треба, и во овој случај ја отпуштам целата папучка за гас и кога повторно пробав во истиот момент, истото се случи.
Денес на семафор додека чекав да отвори, кога отвори зелено притиснав на гас и истото ми се случи, но овој пат приметив да веќе да онаа сила или турбо како и да се нарече исчезна, и веќе кога притискав целосно на папучката не се случуваше буквално ништо, мртво.
Од страв ја исклучив колата, ја вклучив и се беше во ред.
Што може да е вака од овој опис? Секако ќе одам на сервисер да го види ова на компјутер, но би сакал од вас да слушнам за да не ме мафтаат, барем да имам некое мало “разбирање“ од проблемов.