ДЕЧКИ ПОМОШ!
Ја однесов колата на сервис за проблем турбото да го поправи оти се исклучуваше после 100ка и не креваше појќе и ми се јавува мајсторот другиот ден и ми вика почна да зема сама колата туража и цркна моторот и што е најстрашно не сака да стави друг мотор дека тоа и мене ќе ми се случело и не сака да земи одговорност.
Ве молам за совет што можи да направам во ситуацијава, фала!
Не сум сигурен дали агенција за заштита на потрошувачи може да ти помогне, ама јас би пробал.
Зависи дали е сериозен сервис или маалска гаража, дали кога ја остави колата доби сервисен налог со сериски број, датум и печат (во кој е опишано во каква состојба е колата и што е наведено како проблем што треба да се провери и направи). Сепак мислам ако бил добар мајстор требало да го предвиди ова како можност при самото сервисирање на турбото. Битно да ли се случило при самата интервенција или пред. Ако идеш на суд, долг и мачен процес, ќе треба вештаци - машински инженер, докажувања и сл.