Дали некој има искуство со законот за легализација на приколки, трактори, мотори итн што е активен оваа година ? Томче или кој беше со приколка ако помина на редот да објасни што како.
Имено, имам Пух од 1957 од дедо ми за кој имам одредени документи ама ја немам сообраќајната . Пред некој ден случајно најдов документ од здружение на возачи кај што ги има бројките од таблицата и реков топ, ќе одам в полиција ќе ми извадат документ од дедо ми за сопственост и ќе завршам работа.
Отидов, му покажав документот ми вика тој, дечко не чуваме стари документи..., моторот врвел низ документации низ 70тите
Шо значи ако имате нешто постаро и ја загините сообраќајната можи слободно да оди во отпад или да чувате кокошки внатре оти нема како да се докажи сопственост, а нема ни закони за легализација.
Е сеа муабетот ми е, од оваа година во законот имало уште една додавка што ја немале претходно, а тоа е царина. Ако можи некој да ми објасни како ќе ми го царинат моторот вероватно 40% ама од која вредност кога нема податоци за него да најдат по број на шасија. Ќе бараат огласи по фејсбук и реклама па ќе ме стрефат 40% на тоа шо ќе им излези?? Кај нас не и ги има толку, сеа еден излезе пишан 500е, како тробрзинки можи ги има по 100,250е, ама ако бараст на гугл можи од Словенија и 3000е оглас да најдат, после 40% незнам кој ќе му плати на таа цена.. Ако разбира некој од тематикава слободно нека ми појасни.
Иначе да биди чаламот уште поголем, на мотор од 49цц со педала и 6в струја ми бараат да имал и ретровизори иако такво неќто немал од фабрика, и да имал 4 функционални жмигавци шо исто така не постоело тогаш.. Ова со жмигавците не знам како да го измислам да функционира колку да помини технички.
Sent from my Redmi 4X using Tapatalk