Лесно видливо е тоа, да проверам при следен дефекат?
Или да не чачкам при запален мотор, да не се сторам банту црнец?
Не знам како тргнале Сузуки да решаваат пристап до бензинска пумпа и пловак, али кај нормални производители тоа оди преку задна клупа, односно се дига долниот дел од седиштето.
Под него стојат капаци на двете страни, под еден од нив ќе биде пристапот до бензинската пумпа и пловакот. Нема да можеш да го отвораш резервоарот со запалена кола зошто мора да ги откачиш цревата за гориво за да ја подигнеш пумпата од резервоар (а и да можеш без откачени црева, пак пумпата ќе биде надвор од резервоар).
Дури и да успееш да го отвориш резервоарот и да стигнеш до пловакот, дефектот е лесно воочлив само со волтметар - секоја позиција на пловакот ќе дава различна волтажа и таа треба да се движи линеарно. Ако не се движи линеарно, ќе дава грешни податоци на инструмент-таблата како кај тебе.
Генерално ова е краток осврт на дијагностицирање пловак. Ако не знаеш што правиш или не ти фаќа око да пробаш, плати на некој што знае поарно.