имам проблем со пежо 206 1.4 бензинец, кога кочам а колата е на лер сама се туражира и то многу, иако моторот е загреан.
исто и некогаш кога извадам од брзина. знам нормално е ова минимум да оди заради немање отпор, ама ова ептен е во повосоки обртаи до кај 2000.
гаста не се ни чепка, на нула е.
сменети нови свеќици, филтер за воздух а и сензор за температура на разладна течност (читав на странски форум). пак исто.
пред години на компјутер во сервис велат нема грешки а просекот е навистина голем, внесен понов софтвер, пак исто.
проблем ми е што троши претерано многу.
некој мислење што натаму.
Испадна горна ламбда сонда пред катализатор.
Инструмент таблата ништо не покажуваше, ама со прост читач на грешки (од алиекспрес) покажа грешка Р2195
т.е. сензор за кислород не успева да истанчи довод на гориво - наместено стално на богата со бензин смеса.
Сам ја сменив со нова заменска од словачка, направив и ресетирање на електронската единица (на интернет читав) и засега е добро, ќе видам.