Гугл вила дека е ова “Retainer Plate Holder“.
Мислам дека овие пластики се за прицврстување т.е исполнување на луфта под даската во гепекот, обично ги има кај модели со дупло дно, па овие доаѓаат измеѓу. Во Пасатот немав, во БМВ то ги има бидејќи под даската што се крева, има уште една како остава па под неа е резервното тркало. Можеби и грешам, и јас ги извадив незнаејќи од каде се, ама како гледам по нетов, ќе да се за тоа.