Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2842915 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11730 на: 02 Април 2023, 09:56:02 am »
Здраво друштво, планирам да менувам масло и филтри бидејќи повеќе не се издржува штракањето на подизачите на 9 °C околу 2-3 сек. што е доказ за квалитетот на маслата во МК, прашањето ми е следново - дали може да ставам бомба за чистење на клима пред промена на полен филтер на автомобил кој нема клима (само парно), доколку да, како се користи и која марка според Вас е најдобра?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3076
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11731 на: 02 Април 2023, 10:28:57 am »
Здраво друштво, планирам да менувам масло и филтри бидејќи повеќе не се издржува штракањето на подизачите на 9 °C околу 2-3 сек. што е доказ за квалитетот на маслата во МК, прашањето ми е следново - дали може да ставам бомба за чистење на клима пред промена на полен филтер на автомобил кој нема клима (само парно), доколку да, како се користи и која марка според Вас е најдобра?

Друже ти што си накапал на некое фалц масло не значи дека нема квалитетни масла во МК.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11732 на: 02 Април 2023, 11:47:55 am »
@nestor04 Се испофали дека сам носиш масло од Гееманија, толку за тебе не успеа да си донесеш?

И секогаш ќе затропаат подизачите на вентилите на краток период на прво палење дур се крене маслото на тој моторот.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11733 на: 02 Април 2023, 12:13:01 pm »
Прашањето ми беше друго, одговорите ваши се други...
Инаку @DimitarMK имам Амсоил масло што е класа над другите, така да успеав да донесам, но не можам да "увезувам" поради приватни причини.
Доколку Амсоил-от се покажи добар како што е фален низ Америка и по тестови, тогаш планирам да донесам за 3 промени унапред.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
    • MVP Ring
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11734 на: 02 Април 2023, 16:09:04 pm »
Дали ваков тип на свеќици се безбедни да се вградат во автомобил и дали има некакви придобивки од тоа?

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11735 на: 02 Април 2023, 16:48:42 pm »
Дали ваков тип на свеќици се безбедни да се вградат во автомобил и дали има некакви придобивки од тоа?(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
Придобивки има но незабележливи за просечен возач, односно искрата е посигурна, инаку такви користи опел астра со 2 пипци.

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11736 на: 02 Април 2023, 20:22:15 pm »
Навојот за штраф на едното тркало ми е оштетен и неможи 1 штраф  да се стегни( другите 4 се океј), дали е ризично или можи така да се вози? и препорака каде би можело да се среди во Битола?

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11737 на: 02 Април 2023, 20:40:59 pm »
Некој член од форумов да растура опели или да имате контакт од некој од Пп што може да ми најде пластика од совозачко седиште од опел астра г освен Станислав, Гоце и Џомеро бидејќи нема здрави кај нив?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15264
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11738 на: 02 Април 2023, 23:27:02 pm »
Навојот за штраф на едното тркало ми е оштетен и неможи 1 штраф  да се стегни( другите 4 се океј), дали е ризично или можи така да се вози? и препорака каде би можело да се среди во Битола?
Се средува на дреар,ќе го обнови навојот и ако има потреба ќе ти направи поголем штраф.
Инаку можиш да ја возиш колата,но гледај да си го средиш проблемот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7429
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11739 на: 03 Април 2023, 09:44:47 am »
Само дупка за поголем штраф, или цела главина да смениш. Ист проблем имав 7 години, па сменав главина пошто требаше цел рукавец(така се викаше?) да се извади, па да дреми колата така додека го договорам дреарот па ко ќе заврши тој, да го вратам да се склопи на кола. Процедура од најмалку 2 дена пошто немам пријател мајстор.

Ги скратив нервите со нова главина и лагер со пола сат работа и 4600ден.  ;D

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11740 на: 05 Април 2023, 21:01:07 pm »
Дали вреди да се чисти пластичен резервоар за антифриз на опел астра г (разбрав дека со средства се ќисти и станува бел како нов) и дали може да го извадам сам?
Едит:
Дали има врска што антифризот станува "матен" (или мене така ми изгледа) на претходен мотор, и на нов мотор, перката си уклучува нормално, работна температура е околу 85-86 степени, на семафори постигнува 90 и уклучува перката.
Антифризот е 50/50 микс од Wurth G12+ и дестилирана вода.
Нема мешање на масло и антифриз, маслото е потполно чисто.
Мајсторов каде ја носам вели дека нема гајле, ако се замати повеќе ќе треба да бараме што како, ама ова било сосем нормално.

« Последно менување: 05 Април 2023, 21:28:04 pm nestor04 »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18197
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11741 на: 05 Април 2023, 22:17:04 pm »
Ова може да се мати и од челичните блок и глава, односно претходно да биле возени со чешмовача и да почнале да кородираат каналите. Ама може да се мати и од дихтунг. Второво е секогаш поверојатно.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11742 на: 05 Април 2023, 22:27:05 pm »
Со чешмовача или пак дестилирана немам појма Маршер што ставил беше возена Ск-Пп и тој го испуштил стариот антифриз и го стави во гепек во шише од 5л.
Дихтунг во никој случај бидејќи на претходниот мотор беше променет дихтунгот, антифризот беше валкан и пред отворање на мотор и после отворање на мотор и го прави тоа и со новиот мотор.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11743 на: 06 Април 2023, 01:49:17 am »
Џабе ќе чистиш казанче кога е полн рѓа моторот. Испушти го,  и терај на вода,  или цревото в казанче и отворен без термостат моторот да врти секаде водата и да испушта долу истовремено. А можи и дихтунг да е заминат спрема шо го имам гледано истото на повеќе коли.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7033
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11744 на: 06 Април 2023, 07:25:09 am »
Ако беше дихтунг ќе правеше меурчиња или во полош случај ќе измешаше масло и антифриз.