Дечки здраво до сите.
Се работи за голф 5, 1.9 тди 2005 година, почна понекогаш да гаси додека чекам на семафор или утрово во возење ми изгасна, среќа возев 30. Никаков друг проблем нема, ниту на таблата јавува нешто, само ќе изгасне. Потоа кога ќе сакам да ја запалам, трокира како да нема гориво, а резервоарот повеќе од пола е полн. Не се случува секојдневно но од повремено да. Дали имал некој проблем сличен или каде да се обратам за проверка?