Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1755859 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11670 на: 07 Март 2023, 21:36:18 pm »
Поздрав друштво,
можи да е глупо прашањево за некого, ама шо е то е 😂
Сакам да правам "piston soak" со АТФ на 2т мотор и автомобил со 4 клипа, како да го направам тоа, дали вреди и на што да обрнам внимание?

Отсутен DonIvan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11671 на: 09 Март 2023, 07:49:20 am »
Дечки здраво до сите.

Се работи за голф 5, 1.9 тди 2005 година, почна понекогаш да гаси додека чекам на семафор или утрово во возење ми изгасна, среќа возев 30. Никаков друг проблем нема, ниту на таблата јавува нешто, само ќе изгасне. Потоа кога ќе сакам да ја запалам, трокира како да нема гориво, а резервоарот повеќе од пола е полн.  Не се случува секојдневно но од повремено да. Дали имал некој проблем сличен или каде да се обратам за проверка?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11672 на: 09 Март 2023, 08:33:50 am »
@DonIvan 4 поста погоре имаш препорака за добар сервис за VW
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5725
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11673 на: 09 Март 2023, 16:06:25 pm »
Ми текна нешто 😆.
Пробувал некој на алфа 147 од команди обична клима да стави команди со климатроник? 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11674 на: 09 Март 2023, 18:24:20 pm »
Ми текна нешто 😆.
Пробувал некој на алфа 147 од команди обична клима да стави команди со климатроник? 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



1. Не ти треба, мануелната клима е многу добра на 147-цата, и командите се одлични исто така, не се ќутук;
2. Не е воопшто едноставно, пошто треба да смениш комплетна внатрешна единица и електроника, која што можеби ќе има проблем да се синхронизира со боди компјутерот и еку-то.

Имало дискусии по алфистичниве форуми, ќе се појави од време на време некој „ентузијаст“ ко тебе, ама кратко траеле дискусиите, воглавно со овие два заклучоци. Или трет, ако баш мора автоматска, шитни ја оваа и купи си со автоматска.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5725
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11675 на: 09 Март 2023, 18:31:36 pm »
Значи тука завршува дискусијата 😊.
Фала Симо 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11676 на: 14 Март 2023, 09:58:27 am »
Барам мислења....
голф 5 дизел, ми загушува на поголеми нагорнини на отворен пат и се гасни.
при тоа како вибрации и тресења. иначе работи добро.

бош пумпа? дизни? валкана нафта? комбинации или нешто четврто?
филтер за нафта сменив лично пред 5800км и на секои 10000.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11677 на: 14 Март 2023, 10:43:18 am »
Поздрав друштво,
можи да е глупо прашањево за некого, ама шо е то е 😂
Сакам да правам "piston soak" со АТФ на 2т мотор и автомобил со 4 клипа, како да го направам тоа, дали вреди и на што да обрнам внимание?
^
|
Никој нема искуство?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11678 на: 15 Март 2023, 07:19:27 am »
Барам мислења....
голф 5 дизел, ми загушува на поголеми нагорнини на отворен пат и се гасни.
при тоа како вибрации и тресења. иначе работи добро.

бош пумпа? дизни? валкана нафта? комбинации или нешто четврто?
филтер за нафта сменив лично пред 5800км и на секои 10000.

Ај ќе погодувам:  :D

Сигурно и не забрзува како што треба на полна.
Најверојатно недоволно гориво или воздух не добива, треба да се види со компјутер на возење.

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11679 на: 15 Март 2023, 08:40:28 am »
Барам мислења....
голф 5 дизел, ми загушува на поголеми нагорнини на отворен пат и се гасни.
при тоа како вибрации и тресења. иначе работи добро.

бош пумпа? дизни? валкана нафта? комбинации или нешто четврто?
филтер за нафта сменив лично пред 5800км и на секои 10000.

Ај ќе погодувам:  :D

Сигурно и не забрзува како што треба на полна.
Најверојатно недоволно гориво или воздух не добива, треба да се види со компјутер на возење.
Забрзувањето е добро, како и секогаш. Не е како кога беше нов ама доста добро е и исто како годиниве.
Ќе пробам да шибам адитиви за дизните (вбризгувачите) а можеби и толку им е векот -- ги сменав на
150.000, а сега има скоро 350.000. Или на чистење со гас или шприцање спреј за егр вентили директно
во граната после маф сензорот, повремено и то го правам за да се чистат гарежите, ама изгледа сега
ептен се собрало па зато мислам горивото не е како што треба.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11680 на: 15 Март 2023, 09:04:55 am »
И тука ли горивото?

Ако е до горивото пола коли во мк ќе застанат.

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11681 на: 15 Март 2023, 09:30:58 am »
И тука ли горивото?

Ако е до горивото пола коли во мк ќе застанат.
Не знам, можеби. Ова дизелов откако се намалија цените се си мислам го зафркнаа.
Првичното загушување ми се случи откако турив на макоил на автопатот кај карласлари после велес.
После возев со повисока туража и турив од други места па подобро беше.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11682 на: 15 Март 2023, 09:43:59 am »
И тука ли горивото?

Ако е до горивото пола коли во мк ќе застанат.
Секоја кола различно поднесува лошо гориво и лошо масло, така да тие коментари не се валидни.

И тука ли горивото?

Ако е до горивото пола коли во мк ќе застанат.
Не знам, можеби. Ова дизелов откако се намалија цените се си мислам го зафркнаа.
Првичното загушување ми се случи откако турив на макоил на автопатот кај карласлари после велес.
После возев со повисока туража и турив од други места па подобро беше.
На која пумпа најчесто ставаш гориво и дали голфот е со ДПФ?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11683 на: 15 Март 2023, 09:51:56 am »
Тоа дека секоја кола не поднесувала лошо гориво па е валиден коментар? Глупости!

Барајте го проблемот во старите коли со по којзнае колку километри во газот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11684 на: 15 Март 2023, 09:56:17 am »
Тоа дека секоја кола не поднесувала лошо гориво па е валиден коментар? Глупости!

Барајте го проблемот во старите коли со по којзнае колку километри во газот.
Џабе имаме ЕУРО 5 и 6 ко старите се поинтересни.
BTW. Има доста членови со нови-нови колу па се жалат од горивото, само пролистај низ темите.