Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2859817 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9030 на: 03 Ноември 2020, 11:47:28 am »
Кога ќе уклучиш клима после неколку секунди се вклучува перката,онака за ладење на моторот има 2 брзини зависно од термостатот на колку вклучува,кај мене е изгорена 1 брзина и не функционира,делот ми е веќе нарачан и чекам да стигне,2 брзина кај мене закачена на дијагностика вклучува на 102 степени а на шалтаблата покажува заковено на 90 степени,2 брзина ја имам слушнато 5 пати во овие 3 години,ако не ти вклучува 1 веројатно имаш проблем.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 154
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9031 на: 03 Ноември 2020, 12:22:07 pm »
Moжно е и кај мене да е истиот проблем, ќе треба да и правам дијагностика.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9032 на: 04 Ноември 2020, 08:56:49 am »
Дечки мислење за понудата за сервисирање на Сеник 1,5 дци (имајте во предвид дека кај маслото стои 1 л а треба 5 л, со тоа и цената би се корегирала)?

Своерачен потпис ;)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9033 на: 04 Ноември 2020, 09:01:05 am »
Многу работна рака,5600 ден...

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55348
  • Махер
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9034 на: 04 Ноември 2020, 09:11:31 am »
Заради каишите, пумпата, глицеринот веројатно.

Отсутен runcev

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 32
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9035 на: 04 Ноември 2020, 09:56:54 am »
Мислам дека 2000ки работна рака треба да е горе-долу за голем сервис, барем кај нас во Кочани е толку.

Sent from my M2003J15SC using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9036 на: 04 Ноември 2020, 10:16:11 am »
Во Валандово платив 1200 ден. работна рака за голем сервис.  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15326
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9037 на: 04 Ноември 2020, 10:35:54 am »
1200 денари бе.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9038 на: 04 Ноември 2020, 10:44:08 am »
Зависи од големиот сервис, некаде е полесно, некаде потешко/подолготрајно. Битола е ~3000ден за оваа кола, 2500ден најефтино.
Фали ролер/цел затегач на клинестиот. Масло треба SXR ама сите NF ставаат оти е 50ден поефтино.  :D

Скапа е промената на филтрите, кога веќе е отворена колата кај каишите 2 минути работа е промена на филтерот за гориво.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9039 на: 04 Ноември 2020, 10:53:32 am »
Во дилема сум дали сега да го менувам филтерот за нафта затоа што ми е сменет пред 20к км или не е проблем да истера уште уште 10к км?
@Power to the people Кога барав понуда потенцирав сет ремени и затегнувачи и затоа мислам дека е опфатено во „сет ребрест“ а можеби и не е, на лице место ќе видам следната недела кога (најверојатно) ќе ја оставам.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1930
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9040 на: 04 Ноември 2020, 10:58:20 am »
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9041 на: 04 Ноември 2020, 10:58:48 am »
Во дилема сум дали сега да го менувам филтерот за нафта затоа што ми е сменет пред 20к км или не е проблем да истера уште уште 10к км?
@Power to the people Кога барав понуда потенцирав сет ремени и затегнувачи и затоа мислам дека е опфатено во „сет ребрест“ а можеби и не е, на лице место ќе видам следната недела кога (најверојатно) ќе ја оставам.
Како си стигнал во "Расчекор" :)

Редовни на 10к
Филтер за гориво на 30к
Голем сервис на 60к

Барем јас така правев на Меганот.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9042 на: 04 Ноември 2020, 10:59:15 am »
Пошто не добиваш попуст за монтажа на горивниот филтер (треба гратис да е) јас не би го менал, а и на 30к се менува, го секов пролетвава има слики, ако не си полнел од џанк бензински добар е.
Во сетот за ребрастиот ги има сите потребни делови за ребрастиот, ама пошто клинестиот не е во сет, и е башка пишан, со него се менува ролерот на затегачот или целиот затегач. И да не го смениш не е критична работата ако откажи, ама за 1000ден ролер јас би го сменал.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18204
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9043 на: 04 Ноември 2020, 16:43:12 pm »
Ова е повеќе естетско прашање, ама дали знаете кај може да се најде солидна понуда на HB Body спреј производи?

Конкретно ми треба bumper spray/paint:

1. https://www.hbbody.com.gr/product/?pid=178&m=2
2. https://www.hbbody.com.gr/product/?pid=179&m=2

Ако сте ги виделе овие конкретни производи некаде, ве молам кажете ми. Од See3D ме советуваа со бампер спреј да ги фарбам капачињата, во самиот состав имало пластик прајмер, и ги препорача овие како најпогодени.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6425
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9044 на: 04 Ноември 2020, 18:58:59 pm »
Ова е повеќе естетско прашање, ама дали знаете кај може да се најде солидна понуда на HB Body спреј производи?

Конкретно ми треба bumper spray/paint:

1. https://www.hbbody.com.gr/product/?pid=178&m=2
2. https://www.hbbody.com.gr/product/?pid=179&m=2

Ако сте ги виделе овие конкретни производи некаде, ве молам кажете ми. Од See3D ме советуваа со бампер спреј да ги фарбам капачињата, во самиот состав имало пластик прајмер, и ги препорача овие како најпогодени.
Шварц во Битола  е поприлично солидна продавница за бои и лакови,  јас имам земано производи  од  HB Body, прајмер и некои други бои,  да прашаш таму телефон сигурно има на google или ако  ме носи пат деновиве ќе ти проверам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html