Го одложувам на секое проблемов, поради останати обврски и поради финансии, се разбира. Но порано или подоцна во текот на есенва морам да ги сменам дисковите.
Проблемот е што мајсторчиња на вулканизер решија пред 2 години да се вежбаат на едно од предните тркала и накриво да престегнат 2 штрафа со пневматски пиштол. Тоа резултираше со вадење и носење на главината на дреар и правење на две поголеми дупки. Така што сега имам 3 штрафа со 17ка и 2 штрафа со 19ка клуч.
За новите дискови што би ги зел не знам што е посоодветно. Дали да го земам дискот и уште неотворен, неупотребен да го носам исто кај дреар да отвара две поголеми дупки или пак да менувам целосна главина, што сигурен сум дека не е најевтин дел.