Филип.
Нивото на течност во експанзиониот сад се одредува на ладен мотор, обично меѓу min и max.
На загрен мотор нивото мора да се дигне.
Како се лади моторот нивото мора да се врати во претходна состојба.
На сите коли што ги имав експанзиониот сад беше на страна.
На Типото експанзиониот сад беше поставен врз радијаторот и не се потрудив да сконтам како функционира.
Ако добро се сеќавам, на Југото преку копчето за топло/ладно се прекинуваше циркулација на течноста низ радијаторчето за кабина.
На Симката од татко ми пак со истото копче се регулираше само клапна за проток на воздух, односно течноста секогаш циркулира низ радијаторчето за кабина.
На другите коли не се потрудив да дознаам, станав мрзелив

На постарите коли единствен проблем за немање греење во кабина било или воздушен џеб во радијаторчето, или недостаток на течност во системот, или запушено радијаторче.
Дури и со изваден термостат се добивало греење, барем додека колата стои во место.
Кај тебе прашањето е зошто нивото на течноста во експанзиониот сад не се враќа на оладен мотор и зошто немаш циркулација низ радијаторчето од кабина, односно зошто почнува да циркулира на прегреан мотор и притоа да падне нивото во експанзиониот сад.. Тука треба да се бара гремлинот

Пософистицирани коли, пософистицирани проблеми
