Веројатно мислеше на дијаметарот на тркалото, а не на бандаши. Бидејќи бандашите се очигледно со различен дијаметар. Едните се 15“, другите се 16“.
Кај ширината на гумата, исто има очигледна разлика, едната е 205 другата е 195. Како и да е, 205/55/16 и 195/65/15 се компатибилни димензии.
Битни разлики може да направи ширината на бандашот и офсетот.
Ако гледаш FIAT-ови тркала за Bravo-то, веројатно нема да имаш проблеми ни со 15-ките ни со 16-ките.