Вчера почна да ми вибрира воланот (не на секој обид) кога го мотам в место, а и во возење се осеќа ама не толку. Серво пумпата не ја слушам да зуе или чкрипи. Не затресува на дупки како класично расипана летва, барем колку што забележав, ама и тоа не го изоставам како проблем.
Ова претпоставувам ми се појави откако ја палев колата на туркање оти ми откажа анласерот. Кога пробував да ја палам многу затресуваше (дизел, ладно, форд и џуптин во зима не работат итн), па претпоставките ми се дека тогаш нешто откажа или префрли. Проблемов ми се појави после 140тина километри
Некој да каже што да проверам и дали е безбедно да се вози вака колата? Денеска тешко да најдам мајстор, утре и понеделник неработни, а колата ми треба.