Проблемот не е само во добро документирање на аргументите, туку и во слушање и (евентуално, ако се валидни) прифаќање на туѓите аргументи.

Во спротивно не постои комуникација и дебата, туку еднонасочно презентирање на ставови.
Него нешто друго се мислев деновиве.
Зимно време знае да ми зафали малку DOT4 течност во голфов - претпоставувам заради неквалитети заменски квачила, пар пати мењано, изгледа малку тече баш од кај квачилото. Едноставно дотурам и до следната зима нема проблеми (или наредната ако не следната зима). И така додека читав истражував лаички на таа тематика, налетав на нешто за што немав појма... DOT5 да ти бил - не варијанта од гликол, туку
силиконска течност за кочници.
Колку што разбрав, наголемата предност е што силиконската течност за кочници не е хигроскопна. Не впива влага од воздухот. Не потреба од често менување на течноста. По форуми пишуваат дека америчката армија по дифолт употребува силиконска течност за кочници.
Проблемов кај гликолниве течности за кочници за кочници е баш хигроскопноста, впивањето на влагата. Колку повеќе вода во течноста, толку пониска точка на вриење има течноста. А посебно кај кочниците со дискови, се развиваат високи температури. Па друг проблем е што од водата кородираат цевките одвнатре, итн, итн...
И кој од нас (вас) целосно менува течност за кочници на секои две години, како што се препораките од произведувачите?
Јас не сум сменил ниеднаш, откако го имам аутово (повеќе од 6 години). Дури препораките се и кога ќе се отвори шишето со течност за кочници, после употреба неискористениот остаток да се фрли, пошто се собира влажност од воздухот. Но зарем само еден сантиметар ако сум потрошил, сега да го фрлам целото шише?

Муабетов ми е, размислувам за ставање на силиконска течност за кочници, дали е можно и дали се исплати.
Само прво не знам дали силиконска течност за кочници e компатибилна со голф 3. Според ова долу велат дека силиконска течност може да ги уништи дихтнузите:
https://forums.vwvortex.com/showthread.php?5498760-DOT4-brake-fluid&p=74563989&viewfull=1#post74563989Па одговараат дека нема да се деси тоа:
https://forums.vwvortex.com/showthread.php?5498760-DOT4-brake-fluid&p=88294207&viewfull=1#post88294207Друго што прочитав е дека при промена на DOT5 е проблематично да се исцеди целата претходна DOT3/4 течност за кочници (и „калта“ која може да се акумулира). Додека кај DOT3/4 прљавштината (и водата) се дисперзира низ целата течност, кај силиконската течност за кочници тоа стои одвоено во меури и може да прави повеќе проблеми. Додатно и воздушните меури не се раствараат во силиконска течност за кочници (во DOT3/4 се раствараат), па треба да се пази при ставање на DOT5 да не се прават воздушни меури... Итн, итн.
И така... Користи некој силиконска течност за кочници (DOT5)? Размислувал некој на оваа тема?
Идеи, совети, мислења?