Една консултација дали имам некаков проблем или си замислувам од сабајлечки...
Денес на пат за работа (на отворено) при брзина од 90km/h на излез од кривина ја осетив колата како комплетно да ми изгуби контрола на волан кога пробав да ја исправам во спротивна насока.Не беше никаков агресивен маневар, едноставно воланот го осетив прелесен и ми "заплива" лево десно малце колата.
Ова беше пред да паркирам на работа, но во последните 100 метри откако го приметив ова, како да не ми беше чуството на воланот исто, онака стегнато.
Можно е да има нешто или си замислувам? Ќе ја проверам после работа како е, ама сега сум во мисла, а баш вечер треба до Аеродром да одам и да се враќам Битола.
Инаку станува збор за Mercedes W202 CDI.