Имам гранде пунто прв сопственик 1.2 бензин 150к км реални на незагреана скока предницата при тргање само со прва брзина, во другите ок си е. Откако ќе загрее некоаш скока некоаш си тргнува убаво ама во поголем дел заскокува. Дали се ова знаци на откажување корпа или друго е нешо?
Сет корпа и ламела обично го решава тој проблем. Привремено, можеш малце да ја „зашлајфуваш“ во 5-та ламелата, ќе налегне малце подобро, ама пошто е 150.000 тука е обично крајот...
Не те сфаќам со шлајвувањето во 5та.... Ќе ја менувам ама барем летово да го изгурам за на одмор 😄
Теоријата е, вибрациите се појавуваат поради нерамномерна изеденост на ламелата, и појава на наслаги на одредени делови од неа, кога ќе ја „зализгаш“ малце појако (без претерување, се разбира), прво ќе согорат тие нерамномерни делови. Мене знаело да ми помогне, ама краткорочно. Долгорочното решение е промена.
Ако не пролизгува ламелата, тогаш нема зошто да не изгураш одмор, само тргај со малце поголема гас и тоа е ....