Кога ставаш на циркулација внатре пушти и клима би требало да ти помогне во врска со маглењето.
За масло според селекторот за масла на кастрол вика:
https://applications.castrol.com/oilselector/en_gb/c/recommendation?vehicleType=cars&manufacturer=mercedes-benz&model=a-class-w169-c169-(2004-2012)&modelType=a-180-cdi-dpf-169-007-169-307-(2004-2007)
Или да се почитува ова:
MB-Approval
229.31/229.51 5W-30 lubricant.
Но сепак види некаде под хауба да не ти пишува кој спецификација треба да ја користиш иако и оваа би требало да е.
пуштена е климата,тек ако ја исклучам тогаш многу брзо ги замаглува,како и на скоро сите коли.
за маслото,повеќе ми е кој е препорачан производител,или со кој си се сакаат мерцедесите,секако спецификацијата ќе биде пропишаната.
1. Околу првото - дали го провери нивото на масло на шипка или директно дотури? Или пак нема таа кола начин да се провери нивото на масло? Ова го спомнувам за да не излезе дека било проблем со сензорот за нивото на масло, наместо вистински да недостасувало масло.
2. Ако не се чистени цевките за вентилација, можеби имаш нечистотија што мириса, без разлика на воздухот од надвор. А инаку, филтрите со активен јаглен не се семоќни, така што ако има некоја пролупана машина пред тебе, секако ќе ти мириса.
1. не го проверив на шипка и не дотурив, на компјутерот ја јавува пораката. Ќе проверам на шипка што вика

2. чистена ми е вентилацијата, не е таква миризбата, туку на загадениот воздух, исто како да отворам прозор. Ќе пробам со друг бренд на филтри, можеби ќе биде поефикасен од сегашниот.
Edit: по сајтови најдов дека Mobil 1 најпрепорачано е за моторите за мерцедес.
Кај нас го има во Аутофилтер, БисОил, АБЦ оил... имало ли до сега муабети/афери со фалц масло од Мобил?