Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2232198 пати)

Отсутен KiKoOoOoOoO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6975 на: 08 Јануари 2019, 10:59:57 am »
ж
Се празни од нигде никаде зимата...и другите годишни времиња :) амс помалку.Друг купив пак се празни :) Ја носам колата на електричар, не троши струја, 14.3 полни слтернаторот, а се празни...Кога го ставаа сега новиот ми рекоа многу искри фрла, имаш потрошувач..Ајде пак на мајстор, пак ништо..И немам нерви да одам по мајстори, сакам да си купам полнач колку да не ме остава некогаш така, да не запали


Sent from my iPhone using Tapatalk

Јас имав сличен проблем со пробиена диода на алтернатор на 166. Само кога намотките на алтернаторот ќе се погодат во соодветна положба, протекуваше струја низ диодата, и не секогаш се празнеше акумулаторот, али кога се празнеше, за 2-3 дена - мртов! Мери струи, чуда врагови, потрошувачи да не има бркај духови - џабе... Случајно го открив проблемот, не ми ни текнува како, веројатно ја начекав кога арчи и фатив амперметарот тогаш...
Just saying, не мора кај тебе да е истиот проблем, може е нешто друго, но штом се празни, мора да „тече“ некаде струја :)

И алтернатор друг сменив :) Сега наредно е ова



Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен KiKoOoOoOoO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6976 на: 08 Јануари 2019, 11:01:40 am »
Ако има некој потрошуваш може да се измери со нај едноставен унимер, па  со сијаличка. Ако е диода прегорена, или треба да се отвори  или осцилоскоп. Ако е реглерот да се проба со друг реглер. Ако е намотка или од око ако може да се утврди или со инструмент т.е. со наизменичен сигнал со висока фрекфенција. Едино да е механички проблем ако е со шајбна алтернаторот па да е прошлајфувана. т.е. сите со со шајбна ама имаше некој вид на шајбни што можеа да пролизгаат, значи моторот си врти, каишот си врти, шајбната си врти но не и осовината. Акумулатор веќе е менет.
Напонот на запалена кола, после 15-тина минути БЕЗ потрошачи треба да е 14.4в, и тоа мерен со добар апарат, па ајде да речиш дека е ок напонот, а еден таков поасален апарат е 100-тина евра. Евентуално апла ако се отидени четкиците, па ич да не полни алтернаторот па да измериш 10 волти па да речиме сигурно нешто не е во ред, ама инаку тешко дека точно ќе дијагностицира.
Што амперсати е акумулаторот ? Вака од муабет почни од диодите да ги проверуваш. Каишот да не пишти случајномкога че ја запалиш на ладно?
Пишти првите 2-3 минути


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6977 на: 09 Јануари 2019, 11:02:37 am »
И кој од нас (вас) целосно менува течност за кочници на секои две години, како што се препораките од произведувачите?

Кај мене мислам се менува на 4 години, и го сменав еднаш, ДОТ4. 1000ден кошта глицеринот и работната рака.

Ќе побарам јас во мкд прво, мислам од Wurth дека имало по продавниците вакви адитиви, или можеби е грешно инфо, колега на работа денес ми спомна дека земал некаков адитив од Wurth пред 2-3 години.
Јас од вурт не би зел повеќе, ем поскап ем не се производители на истиот, туку само препакуваат тие.
Од ликви моли имаш поголема палета, ем нивен производ ем поефтино, или Винс и слично.

На петта брзина ако ја имате гледано емисијата со голфот мислам, адитивот најповеќе коња му врати на истиот. Адитивот не е мајстор ама ете некогаш можи да се погоди да е доволен само тој да ја подисправи работата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6978 на: 09 Јануари 2019, 12:02:42 pm »
Kikooooooo сега пак не чини акумулаторот?
Симо, сепак голема е веројатноста да го има истиот проблем.
Патем кико да не го шиткаш стариот алтернатор ?
Успат, иако мала е веројатноста да те зезне проводник така што на унимер да покажува дека е ок а уствари да не чини, сепак може да се деси и затоа подобро(и по комплицирано) е да го провериш оптоварен, со сијалица на пример.

Отсутен KiKoOoOoOoO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6979 на: 09 Јануари 2019, 12:15:25 pm »
Kikooooooo сега пак не чини акумулаторот?
Симо, сепак голема е веројатноста да го има истиот проблем.
Патем кико да не го шиткаш стариот алтернатор ?
Успат, иако мала е веројатноста да те зезне проводник така што на унимер да покажува дека е ок а уствари да не чини, сепак може да се деси и затоа подобро(и по комплицирано) е да го провериш оптоварен, со сијалица на пример.

Го продавам стариот, за џабе го сменав :) Со сијалица пробано е, свети нон стоп. Ја палам колата двапати денот сега, океј е така :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6980 на: 09 Јануари 2019, 12:33:49 pm »
како свети, на акумулатор ако е сијалицата? Ами требало прво само да го отштекаш алтернаторот, ако свети нонстоп, 100% некаде има непожелен спој. провери ја и бравата, ама пред да јуа мениш само отштекај ја, вади ги осигурашите еден по еден...
Плин да не имаш случајно ?
Реков да не оди како расходен алтернаторот, али пиши ми цена за секој случај во пп

Отсутен pwned

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
  • гоЉф Дас Ауто
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6981 на: 10 Јануари 2019, 15:28:59 pm »
Здраво,
Имам голф 5, 1,9 тди, климатроник со електричен грејач (фарбички вграден, сите голф 5 дизел го имаат), кога ќе се пушти климата на топло греачот се уклучува (мерено е на компјутер со VCDS дијагностика) но по една минута се исклучува автоматски од не позната причина, моторот почнува да работи на 1100 вртежи, и се уклиулчуваат перките за ладење на втора брзина иако моторот е на 30 степени. Дене го мерев акомулаторот со унимер, кога е возилото запалено волтажата е 14,2v, кога ќе ја пуштам климата паѓа на 13,2, и вртежите на моторот се зголемуваат на 1100. Некој да имал ваков проблем или да посочи некое решение?

Проблемот е решен така што контактите на минусот од акомулаторот до шасија и од алтернаторот се исчистени.
Сега полни регуларно и нема загуби при уклучување на електронскиот греач.
Перките не се уклучуваат и се e во ред.
Се надевам на некого ќе му користи одговорот.
Поздрав

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6982 на: 10 Јануари 2019, 15:36:29 pm »
Ова е реткост некој да пише и како го решил проблемот ..


Браво !

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6983 на: 10 Јануари 2019, 16:11:49 pm »
pomina munjata....

Отсутен PijsikavePijsitutun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6984 на: 10 Јануари 2019, 18:12:40 pm »
И кој од нас (вас) целосно менува течност за кочници на секои две години, како што се препораките од произведувачите?

Кај мене мислам се менува на 4 години, и го сменав еднаш, ДОТ4. 1000ден кошта глицеринот и работната рака.

Ќе побарам јас во мкд прво, мислам од Wurth дека имало по продавниците вакви адитиви, или можеби е грешно инфо, колега на работа денес ми спомна дека земал некаков адитив од Wurth пред 2-3 години.
Јас од вурт не би зел повеќе, ем поскап ем не се производители на истиот, туку само препакуваат тие.
Од ликви моли имаш поголема палета, ем нивен производ ем поефтино, или Винс и слично.

На петта брзина ако ја имате гледано емисијата со голфот мислам, адитивот најповеќе коња му врати на истиот. Адитивот не е мајстор ама ете некогаш можи да се погоди да е доволен само тој да ја подисправи работата.
Зедов Винс од Хубо, 360тина денари за 250грамско тој за инџектори. Еве поминав 30тина километри откако го турив, помирен е моторот и може да се каже дека за нијанса помалку чад вади наутро.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6985 на: 12 Јануари 2019, 22:50:02 pm »
Дечки, треба наскоро да правам редовен сервис,те да сменам уље и филтри и имам две прашања:
1. Кое е препорачано уље за мерцедес,поточно А класа W169 180 CDI (2005та година)? Го прашувам ова зашто првпат пред месец-два,на 9000 км од последен сервис, ми јави инфо да дотурам 1.0 литар уље во мотор.Од тогаш уште 3-4 пати го има јавено тоа,а не капе од негде,или барем не стига до асфалт,пошто нема мрљи под кола.
2. Филтер за кабина/полен. Може ли да се најде филтер кој кога ќе биде ставено да влече воздух од надвор,нема да влага и смрдеата?Иако е демек со карбон овој што го имам,смрди внатре и мора да ставиш на циркулација на воздух,ама па така почињаат да маглат стаклата :)

Фала за помошта

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6986 на: 12 Јануари 2019, 23:03:37 pm »
Кога ставаш на циркулација внатре пушти и клима би требало да ти помогне во врска со маглењето.

За масло според селекторот за масла на кастрол вика:
https://applications.castrol.com/oilselector/en_gb/c/recommendation?vehicleType=cars&manufacturer=mercedes-benz&model=a-class-w169-c169-(2004-2012)&modelType=a-180-cdi-dpf-169-007-169-307-(2004-2007)

Или да се почитува ова:

MB-Approval
229.31/229.51 5W-30 lubricant.

Но сепак види некаде под хауба да не ти пишува кој спецификација треба да ја користиш иако и оваа би требало да е.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6987 на: 12 Јануари 2019, 23:08:40 pm »
1. Околу првото - дали го провери нивото на масло на шипка или директно дотури? Или пак нема таа кола начин да се провери нивото на масло? Ова го спомнувам за да не излезе дека било проблем со сензорот за нивото на масло, наместо вистински да недостасувало масло.

2. Ако не се чистени цевките за вентилација, можеби имаш нечистотија што мириса, без разлика на воздухот од надвор. А инаку, филтрите со активен јаглен не се семоќни, така што ако има некоја пролупана машина пред тебе, секако ќе ти мириса. :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6988 на: 12 Јануари 2019, 23:13:36 pm »
И кој од нас (вас) целосно менува течност за кочници на секои две години, како што се препораките од произведувачите?

Кај мене мислам се менува на 4 години, и го сменав еднаш, ДОТ4. 1000ден кошта глицеринот и работната рака.

Ќе побарам јас во мкд прво, мислам од Wurth дека имало по продавниците вакви адитиви, или можеби е грешно инфо, колега на работа денес ми спомна дека земал некаков адитив од Wurth пред 2-3 години.
Јас од вурт не би зел повеќе, ем поскап ем не се производители на истиот, туку само препакуваат тие.
Од ликви моли имаш поголема палета, ем нивен производ ем поефтино, или Винс и слично.

На петта брзина ако ја имате гледано емисијата со голфот мислам, адитивот најповеќе коња му врати на истиот. Адитивот не е мајстор ама ете некогаш можи да се погоди да е доволен само тој да ја подисправи работата.
Зедов Винс од Хубо, 360тина денари за 250грамско тој за инџектори. Еве поминав 30тина километри откако го турив, помирен е моторот и може да се каже дека за нијанса помалку чад вади наутро.

Плацебо.
За 30км не можеш никакви заклучоци да донесеш, затоа што си го трошел горивото од систем, не од резервоар.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6989 на: 12 Јануари 2019, 23:20:49 pm »
Kade  da najdam presostat za kompresorce?