Љуѓе, да прашам...
Пошто подолго време не е возена колата, да не треба некои мерки да се преземат?
Чат-пат е стартан моторот чисто онака, да поработи во место, ама еве, во прошливе скоро 11 недели, има поминато само 15ина километри.
Или ти или сопругата вртете по 200, 300 метри на 2 недели, барем гумите да си останат еластични (и да не стојат на иста точка цело време).
За други ствари нема потреба, дури и палењето би рекол дека е непотребно. Стоела 1 недела колата, целото масло во картер се собрало, и со палењето го тераш моторот сув да вергла. Бонус што работи кратко, внатрешните делови на блокот загреваат, надворешните остануваат ладни и се создава кондензација.
