Дечки, ако се земе Гранде 2007 1,3 со 90 кс (6 брзини), како на лице место да се провери менувачот (за таа фамозна 6 брзина, плитко лежиште на лагерот и сл) и евентуално што после да се направи (ако е ок моментално) во смисла на превентива (да се провери количина на масло во менувачот, колку треба да има, да се досипе масло на макс и преку макс), @MartinAlfista @Simo - Carrier159 и некој друг со искуство или познавање на проблемот, фала однапред
На прва и петта брзина не смее рачката да ја фрла наназад. Исто така во возење да не се слуша метален звук. Пребарај на јутуб M32 gearbox whining и ќе слушнеш за каков звук станува збор.
Ако ништо од ова нема, тоа е, ќе се молиш да е се океј пошо и кај мене беше океј и буквално одеднаш, денес е ок, утредента возам почна да дава звук.
За масло се иде по спецификација, за фиатите е Тутела матрикс 75-80, се додава плус барем 300 мл од препорачаната количина, се крстиш и возиш
Еве јас сум со старо-нов М32 менувач, колку км има не знам, сипано Тутела матрикс 2.7 литри (по спецификација е 2.4 литри) и го возам од февруари минатата година.
Стариот менувач го чувам сеуште и веројатно од него ќе ги искористам крстачите на полуосовините оти на сегашниот чукаат кога шалтам брзини, на тој не.