Во склоп на муабетот за исправување бандажи.. пред некој месец купив половни бандажи од Охрид и на непроверено т.е на збор на продавачот ги пазарив пред да ги проверам во каква состојба се, ги донесов Битола и кога си ставив на кола заприметив дека треси колата. Следниот ден ги однесов на проверка и беше констатирано дека си 4 бандажи се криви, 2 беа повеќе а 2 помалку искривени... е сега кај нас имаме еден "специјалист" за исправување на бандажи, а воедно тој е и единствен кој има машина за оваа работа во Битола. Ги однесов, ги виде, се пазаривме за цена и по една недела си ги зедов... еве како успеа да ги исправи ВОЛКОТ



Сите 4 бандажи се исполепени со безброј тегчиња за балансирање, ги повозив само една недела после тоа бидејќи температурите паднаа и ги вратив 13ките... не тресеше колата, но не успеав доволно да осетам како се исправени. Ќе видиме на лето како ќе се покажат и колку ќе држат тегчињата.