Дечки здраво, возам Citroen V3 2010 год, 1.4 бензинец. Вчера по кратко возење, кога ја паркирав колата ми се уклучи перката за ладење. Откако ја изгасив колата, перката вртеше уште 10 мин. После тоа, ја возев уште 10км за да стигнам до дома, по 1км се изгаси и не се вклучи пак. Денес пак исто, се пали и во вожња и плус ми дава antipolution faulty на дисплеј и ми светна сијаличката за моторот. Ја однесов кај еден мајстор во комшии и ми рече не е ништо, треба перката да работи и ја тргнал сијаличката за моторот што светеше. Вика дека на комјутер му давало проблем со турбината, ама терај немаш гајле. Секако не му верувам, сабајле ќе ја носам во Автонова, таму редовно ја сервисирам. Е сега, ме интересира, ако некој има искуство да даде совет или мислење околу проблемов, дали е нешто сериозно? Да напоменам дека пред година дена исто ми се уклучуваше перката и во Автонова ми рекоа дека е комјутерска грешка, ја избришале и ок си беше. Со претходната кола изгорена сум од мајстори и некако немам доберба, кога ќе видат женско што не разбира ништо, буквално си прават што сакаат. Исто, ќе ве замолам за предлог на асален сервис што работи со цитроени, бидејќи автонова ме изгореа со пари

само да не е цилаз, бидејќи со нив имам лошо искуство.