Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 77059 пати)

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #300 на: 27 Мај 2015, 16:47:46 pm »
топ!
благодариме за објаснувањето,
утре или задутре иде и мојата кај аце ;D
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #301 на: 08 Јуни 2015, 09:57:10 am »
Претходната недела си набавив патонсици од Самад. Материјалот е од "тој убавиот". Ми ги скроија според оргиналните патосници што си беа во Фиестата, од кои таа кај возачот беше партали. Сега си е таман.






Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #302 на: 08 Јуни 2015, 12:13:09 pm »
Убаво дошло ај со здравје да си ги користиш... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #303 на: 08 Јуни 2015, 19:18:52 pm »
све супер тоа со фолиите,али кога ќе видам дека од пинтија треба да идеш до мтв,таму на 2 шалтера и пак назад да пинтија ми се присерува(се извињавам ако јаде некој) од мука.јеботе и едношалтерски систем и граѓанинот пред се и остали глупи фрази.
иначе топ количево,мераклиски си го досредуваш :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #304 на: 08 Јуни 2015, 19:19:49 pm »
Колку пари те коштаа патосниците? :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #305 на: 08 Јуни 2015, 20:29:54 pm »

Колку пари те коштаа патосниците? :)

2200 денари

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #306 на: 18 Јуни 2015, 12:51:42 pm »
Денес си пазарив нов акумулатор. Стариот испушти душа вчера на паркинг пред Тинекс.

За новиот акумулатор се одлучив да биде Topla Тор 54A . Го купив од Хемпро. Цена со попуст за оставен стар акумулатор кај нив, и купен нов беше 3036 денари.



Се јавив и во МиДа да прашам за цена на OEM Ford акумулатор (Motocraft) и ми рекоа дека цената му е 6100 денари. Па одлучив да не ме бричат и да шетам со брада некое време. Со оглед дека фабричкиот ОЕМ издржа само 4 години фала, не треба.

Фабричкиот што беше вграден на Фиестата беше 43 Ампери, со 340 А ударна моќ.
Новиот што го вградив денес е со 54 Ампери, со 550 А ударна моќ.

Како ќе се покаже ќе видиме.





« Последно менување: 18 Јуни 2015, 12:59:58 pm zlatkoa »

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #307 на: 18 Јуни 2015, 13:03:21 pm »
Ај аирлија. Праша за Exide цена или не? Нагло откажа? Кај мене фабричкиот откажа нагло исто ме остави пред маркет :) Пробиена келија. Инаку на таа цена ќе ти дале нешто попуст ќе доеше околу 5 и нешо ама пак е скап...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #308 на: 18 Јуни 2015, 13:58:06 pm »
Ај аирлија. Праша за Exide цена или не? Нагло откажа? Кај мене фабричкиот откажа нагло исто ме остави пред маркет :) Пробиена келија. Инаку на таа цена ќе ти дале нешто попуст ќе доеше околу 5 и нешо ама пак е скап...

Exide со попуст изнесуваше 3900 денари, ама беше повисок во габарит и не пасуваше во лежиштето за акумулатор. Topla си легна фес. Искрено не ми менува дали е Topla или Exide. Потрошен материјал е акумулатор, не му се тресам многу. 4 години да издржи доста е.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #309 на: 18 Јуни 2015, 16:04:49 pm »
А колку е попустот за оставен акумулатор?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #310 на: 18 Јуни 2015, 16:22:25 pm »
Мислам дека 10% пресметуваат на цената од новиот акумулатор.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #311 на: 16 Јули 2015, 17:49:32 pm »
Денес бев во серивс Мето во Кисела Вода на проверка на подвозје и предница.

Подвозјето е коска, нема никакви аномалии или маани после речиси 50.000 км.

Предницата беше добра, освен што предните тркала ми беа отворени кон надвор за добри 4мм. Среќа што ја однесов на време на проверка пред да ги направам попара гумите. Тоа е благодарение на нашите убави и мазни улици кои ти носат безброј изненадувања кога ќе си провериш подвозје и предница.

Откако се корегираше предницата и предните тркала си дојдоа повнатре 4мм (или со мајсторки речник кажано: "трагот ми беше отворен 4мм надвор, сега е таман"), добив малку покруто управување на воланот и многу посигурно и подиректно можам да влезам во свиок од претходно. Сега управувањето е коска. Не дека претхондо не чинеше, ама не беше коска до толку.

Еве една од сервис Мето, чисто за у евиденција.


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #312 на: 16 Јули 2015, 23:16:17 pm »
Благодарение на marchesk Фиестата си доби лед расветлување на дел од ентериерот и екстериерот.
Сменети се сијалички на таблица задна, внатре во гепек и кабинското осветлување кај нозете напред.
Одлично изгледа на око.

Знам дека внатре се ми е во портокалова нијанса осветлувањето на инструмент таблата ама гајле ми е. Сакав лед да ставам и ете бидна.

Благодарност до marchesk за дампинг цените што ги нуди за клабери. Профи до коска. Клабериште. Браво.

Еве неколку слики:






Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #313 на: 16 Јули 2015, 23:38:09 pm »

Предницата беше добра, освен што предните тркала ми беа отворени кон надвор за добри 4мм.

Кога ќе ти кажат „4мм“, мислиш којзнае колку е, ама тоа ти е еден милиметар по тркало ;)
Разликата е предниот раб на бандашот во однос на задниот раб на бандашот. И тоа мерено вкупно на двете тркала.

Ако тркалата се паралелни, тогаш toe in/out= 0, ако предниот дел од предното тркало е 1мм навнатре во однос на центарот на тркалото, тогаш задниот дел е 1мм нанадвор во однос на центарот. Вкупно 2мм. На двете тркала ако е таква ситуаија, тогаш вкупно 4мм „затворена“ предница. ;)



Во секој случај, супер што си ги средил - потребно е кај нас барем еднаш годишно контрола на геометријата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #314 на: 16 Јули 2015, 23:53:03 pm »
Јас си ставив во календар веќе. Еднаш годишно ќе проверувам геометрија заради превентива. Не е голем трошок ама бељата може да чини нови гуми најмалку.