Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 77217 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #135 на: 12 Февруари 2015, 14:34:27 pm »
Види, чоекот вика дека не му се проблем парите. Јас кога би купувал и парите не би ми биле проблем познавајќи се себеси нема да го шетам Скопје пошто нема никад да купам. Сигурно ќе ми се допаднат бајаги модели и оди одлучи се после. Кога имаш ограничен буџет е нешто друго, тогаш аутоматски се стеснува изборот и тогаш би шетал :) Да бидам искрен, не знам баш дали се исплаќа и дали личи за фиеста да земеш супертуризмо гт кои малтене коштаат колку пола фиеста. Така е зборот  ;) Поготово, поготово ако колата ти стои надвор ја да сум не би погледнал толку скапи бандажи. Ризикот да ти ги здиплат е 95%.  Изборот е твој, тие универсе ќе и стојат одлично.
« Последно менување: 12 Февруари 2015, 14:42:27 pm Allexxander »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #136 на: 16 Февруари 2015, 00:06:14 am »
Видено количето денес, ново, преубаво :)
Долго да си го возите и да уживате во т......а :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #137 на: 16 Февруари 2015, 10:15:44 am »
Бидна и звучна изолација.

Вчера Фиестата си кркна 5м2 Армафлекс во гепек, задни наткрила, на подот под задните седишта и внатре во сите 4 врати.

Доктор Томе-Колт (http://forum.carclub.mk/index.php?action=profile;u=2912) , и влезе хируршки прецизно и смирено и не остави никаков детал да не биде истретиран како што треба. Најпозитивни и најпофални коментари имам само за него. Момакот е доктор за тоа што го работи. Симнувам капа пријателе.

Епа вака се одвиваше целиот процес.

Неколку дена пред зафатот од Клима Комерц (тел.02/3074140) си набавив Армафлекс со дебелина од 9мм, по цена од 350 денари за метар квадратен. За изолација на местата во Фиестата кои се опишани во постов беа потребни отприлика 5метри квадратни, но јас набавив повеќе за да има резерва.

Материјалот изгледа вака:



Или од блиску:




Договорена локација за завршување на зафатот беше гаражата на Smichka (http://forum.carclub.mk/index.php?action=profile;u=780)

Целата постапка ја започнавме во 10:00 часот и траеше се до 18:00 часот истиот ден. Томе-Колт работеше машки без речиси никаква пауза (со мали паузи за цигара, кафе, сокче).

1. Прв чекор беше расклопување на сите пластики и теписони од гепекот. Отстранување на задните седишта, и чистење на постоечката нечистотија и прашина.



2. Потоа Томе пристапи кон чистење на целата површинска нечистотија налепена на површините на кои што треба да се лепи изолацијата. Тоа беше изведено со влажни крпи и процесот се одвиваше доста бргу.



3. Откако површините беа исчистени, и исушени почнавме со лепење на армафлексот. Бидејќи формата на лимот во гепекот е геометриски комплексна, се договоривме на местата каде што има испакнувања и кривини да лепиме помали парчиња со цел да имаме подобро залепување на материјалот и да избегнеме преднапрегнатост на површината од армафлексот доколку се лепат големи парчиња, што со текот на време може да предизвика одлепување на материјалот и создавање на меури под површината. Естетски не изгледа баш привлечно, но од аспект на функционалност и праткичност е одлично решение.




4. Откако подот во гепекот беше целосно залепен со армафлекс, пристапивме кон лепење на дупките лево и десно во гепекот и лепење на армафлекс врз надкрилата.









5. Дополнително на подот во гепекот беше залепен уште еден слој армафлекс, за да се умртват сите звуци што би доаѓале од задниот лонец и шуштењето на пневматиците. Потоа ги монтиравме назад теписоните и пластиките од гепекот и се си дојде на свое место без никаков проблем.



6. Следен чекор беше изолација на вратите. Бидејќи тука малку му асистирав на Томе не успеав да сликнам многу слики, но ќе се обидам да бидам по описен во објаснувањето.



Внатрешноста од вратите на Фиестата се спакувани доста прецизно, и демонтажата на истите е навистина малку зафркнато. За да си ја олесниме постапката и со цел да избегнеме евентуален проблем при демонтажа на сите компоненти од вратата, извршивме демонтажа на звучникот и од отворот од звучникот извршивме лепење на внатрешноста на вратите со Армафлекс. Процесот е ист како при монтажата на Армафлекс во гепек. Прво површината се чисти со влажна крпа, се остава да се исуши и потоа парче по парче се лепи армафлексот внатре во вратата. Доста пипава работа, и доколку немаш нерви и трпение подобро да не се обидува никој да го прави ова сам. Секоја чест за Томе-Колт што постапката си ја одработи како да му е стота Фиеста за изолирање.

7. Последен чекор беше лепење на Армафлекс на лимот под задните седишта.


РЕЗУЛТАТИ ОД ЦЕЛАТА ПОСТАПКА:

1. Значително намалена буката од тркалата, издувот и струењето на воздухот што доаѓаа од задниот дел во возилото.
2. Целата кабина е потивка и попријатна за престој при возење.
3. Озвучувањето значително се подобри во однос на прецизност на звукот и акустика.
4. Отварањето и затворањето на вратите има перверзно добар звук, налик на звукот што го има Пасат, Ауди и сл.

Кратко кажано колата си го доби тоа што и фалеше (не дека беше лошо изолирана фабрички, но секогаш може и подобро нели)

На крај сакам да се зблагодарам на Томе-Колт за навистина професионалниот пристап и извршување на целиот процес. Дечкото го препорачувам безрезервно. Профи до коска.

Благодарност до Smichka што двапати праеше кафе и дозволи да му ја узурпираме гаражата цел ден. Исто така поздрав и до зоки-златен што помина на двапати да се видиме и да размениме некој муабет.

Епа токлку од мене сега за сега.
« Последно менување: 16 Февруари 2015, 10:23:55 am zlatkoa »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #138 на: 16 Февруари 2015, 12:56:15 pm »
Одлично завршена работа! Баш треба да се напраи споредба со една од другите Фиести на форумов каква е разликата.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #139 на: 16 Февруари 2015, 12:59:14 pm »
mene me interesira dali izolacijava pie voda :) ?
Inaku bravo ubavo sraboteno !

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #140 на: 16 Февруари 2015, 13:10:34 pm »
mene me interesira dali izolacijava pie voda :) ?
Inaku bravo ubavo sraboteno !

Изолацијата ја тестирав пред да ја ставам во колава. ВОДА НЕ ПИЕ.

Тестот беше следниот.
Исеков парче со големина 20х20см го одлепив од хартијатана кое беше залепено и го измерив на прецизна вага. Тежината му беше 7,1 грам.

Истото парче го оставив да преноќи потопено во леген со вода, убаво го загавив за да неможе да исплива надвор од водата.

После повеќе од 12 саати потопено во вода го извадив од водата истресов за да нема никаква површинска вода на него останато. Не го стискав како сунгер со цел доколку има влезено вода во него истата да остане внатре.

На повторното мерење парчето беше повторно тешко 7.1 грам.

Заклучок, тестираното парче имаше карактеристики како обична пластика потопена во вода, односно не пие вода.

Ако сакаш и сам да пробаш, дојди ќе ти дадам мустра од материјалот, пробај што сакаш со него во поглед на водата и сам ќе се увериш.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #141 на: 16 Февруари 2015, 13:58:35 pm »
Pisi po PP vkupen trosok za ovoj zafat.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #142 на: 16 Февруари 2015, 17:16:09 pm »
odlicen poteg i golemo bravo za majstorot

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #143 на: 16 Февруари 2015, 17:51:20 pm »
Фала за пофални зборови Златко, мило ми е што си задоволен од сработеното. Пофалби и до тебе и за помошта и за сталоженоста, некој да ти ја расклопи цела кола не е мала работа :D

Ти кажав уште вчера, чим јас сум задоволен тебе ич не те ни прашувам. :P :)

„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #144 на: 16 Февруари 2015, 17:59:20 pm »
Фала за пофални зборови Златко, мило ми е што си задоволен од сработеното. Пофалби и до тебе и за помошта и за сталоженоста, некој да ти ја расклопи цела кола не е мала работа :D

Ти кажав уште вчера, чим јас сум задоволен тебе ич не те ни прашувам. :P :)


ostaj toa nego koj castese limenki a ne vikna e prasanjeto ?????

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #145 на: 16 Февруари 2015, 18:00:56 pm »
Ејјј неможам да зборам сега нешто имам работа ќе те барам ххахахахах :P :P
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #146 на: 16 Февруари 2015, 18:27:56 pm »
многу лесен материјалов или ја нешто грешам во математики?! ако добро израчунав ако 20цмх20цм парче е 7.1 грам во еден квадратен метар има 25 парчиња а тоа е 177 грама еден квадрат или оваа изолација вие што сте ја стаиле е околу 1кг тежина?
help me out over here ;D веројатно погодив математикава а?
ако е така тоа е незначиителна тежина плус на колата во однос на тоа што го добиваш? и уште едно прашање, да не проверивте случајно кај нас да не има од тие изолациите што се специјализирани за ауто изолација (dynamat и слични)?
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #147 на: 16 Февруари 2015, 18:32:33 pm »
многу лесен материјалов или ја нешто грешам во математики?! ако добро израчунав ако 20цмх20цм парче е 7.1 грам во еден квадратен метар има 25 парчиња а тоа е 177 грама еден квадрат или оваа изолација вие што сте ја стаиле е околу 1кг тежина?
help me out over here ;D веројатно погодив математикава а?
ако е така тоа е незначиителна тежина плус на колата во однос на тоа што го добиваш? и уште едно прашање, да не проверивте случајно кај нас да не има од тие изолациите што се специјализирани за ауто изолација (dynamat и слични)?

Не си грешка добра ти е математиката. Матерјалот е ултра лесен.
Dynamat e многу поскап и далеку многу потежок. Истата количина што ја вградивме со Армафлекс доколку ја вградевме со Dynamat колата ќе добиеше 50-70кг плус.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #148 на: 16 Февруари 2015, 22:21:07 pm »
braos za izolacijava. edno vreme sakav i kaj mene da stavam no svativ deka nema da ziveam u kolata i deka moze da se prezivee i bez nea. muzice, muabet, dupki...a i koa gledam estetski ne mi se dopagja sto mora vaka da izglea kolata, no sekoj so svoite 5 denari :)

p.s. so bandasive kje treba i spirali da si taksas ;)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #149 на: 16 Февруари 2015, 22:23:35 pm »
и уште едно прашање, да не проверивте случајно кај нас да не има од тие изолациите што се специјализирани за ауто изолација (dynamat и слични)?
Како да збореше некој на форумов дека има dynamat во dogsecurity, а како што памтам доста скапа цена се спомна...
Него да прашам јас, кој дел од вративе го лепевте? Надворешниот лим или внатрешниот дел каде што се каблите?