Не гледам друга цел за поставување изолација освен намалување на бучноста при возење, по некоја коинциденција и јас студирам исто што си ти по струка, па имам нешто истражувано околу изолацијата општо. Како што ти напоменале погоре секоја сунѓереста изолација е хигроскопна и држи одреден процент на влага, како што ти напомена @SaleSK ќе се слева ако ставиш на вратите и не е препорачливо, единствено место каде што јас би ставил, а да има ефект и да намали бучава е гепекот, кошевите и под шалтаблата, ќе добиеш доста, а ставање на страниците и на вратите мислам дека е непотребно.
Некој пишал дека се создала кондензација во гепекот. Наједноставно решение е Силика гел во гранули спакуван во мрежа и во поголемо количество, општо за цела кола каде што има кондензација.